Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?
Почетна | Активности | ЗАСИЛЕНИ ПОДГОТОВКИ – ЗА УСПЕШЕН СТАРТ

ЗАСИЛЕНИ ПОДГОТОВКИ – ЗА УСПЕШЕН СТАРТ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font

На 30 октомври, во Стручната служба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржа првиот од серијата состаноци на кој присуствуваа претставници од: Управата за јавни приходи

 Елена Петрова, Зоран Блажевски, Маја Тентова, Билјана Стојаноска, Сашо Јосифовски, Мухедин Авдиќ и Лилјана Јанева. Од Фондот за здравствено осигурување на состанокот присуствуваа Ристана Митровска, Стојан Петрески и Благој Дончев, од Агенцијата за вработување на Република Македонија Марина Зфировска и од Фондот на ПИОМ Атанас Манчев, Нада Андонова, Теодора Маријановска, Божана Ристеска, Аница Ѓуровска, Јадранка Јовановска, Маргарита Куфалова и Рада Живанова.

На состанокот се расправаше по единствената точка: „Регистри за обврзници и осигуреници и нормализација на податоците“. Состанокот го отвори и присутните ги поздрави Теодора Маријановска, советник на директорот за економско-финансиски работи и стопанисување со имотот на Фондот на ПИОМ, а во дискусијата што потоа се водеше на стручен план учествуваа повеќемина.
      

Така, Јадранка Јовановска, началник на Одделението за матична евиденција при Фондот на ПИОМ, од присутните побара да се формира Работна група со членови од сите институции која ќе работи врз задачите од интегрираната наплата на социјалните придонеси. По нејзината дискусија веднаш беше договорено Работната група да ја сочинуваат следните членови: од Управата за јавни приходи Билјана Стојаноска, Маја Тентова, Сашо Јосифовски, Лилјана Јанева и Зоран Блажевски, од Фондот за здравствено осигурување Татјана Георгиева и Јасмина Смилевска, од Агенцијата за вработување на РМ Марина Зафировска и Лидија Тешиќ и од Фондот на ПИОМ Мирјана Ефремова-Лозановска, Маргарита Куфалова и Рада Живанова. За координатор на активностите определена е Билјана Стојаноска од Управата за јавни приходи, која ќе ги закажува и координира состаноците.
      

На состанокот, најнапред се укажа за потребно повторно да се објасни значењето на терминот нормализација на податоците и кои активности таа ги повлекува кај сите институции. Имено, тоа подразбира секоја институција во рамките на своите процедури да ги усогласи и уточни податоците во своите евиденции.Од оваа дефиниција произлегува дека нормализирањето, односно усогласувањето на податоците зависи од активностите во сите институции (ФЗО, АВРМ, УЈП), а не само од Фондот на ПИОМ.
      

Фондот на ПИОМ по 1 јануари 2009 година, нема да ги доставува податоците за обврзниците во УЈП (спротивно, се надева да ги добива од УЈП) и затоа УЈП ќе треба да преземе соодветни активности врзани со форматот на тој регистер за да може да функционира апликацијата. Од тие причини, претставниците од Фондот на ПИОМ предложија дека најцелисходно решение во овој период е како појдовна основа да се земе регистерот на обврзници и осигуреници кој се води во Фондот и истиот да се надополни со специфичните категории на осигуреници кои ги води секоја институција.
      

Откако предлогот беше едногласно прифатен, договорено е специфичните категории на осигуреници од сите институции (Фонд на ПИОМ, ФЗО и АВРМ), да се доставуваат до Управата за јавни приходи, во облик на М1/М2 пријави. Бидејќи, слогот во Фондот на ПИОМ е веќе дефиниран, Работната група треба да предложи нова процедура за работа, односно да определи нови шифри и контролни критериуми за прифаќање на пријавите. По дефинирањето на овој процес, ќе произлезе оценката за обемот на промените во апликацијата.
      

По богатата дискусија, донесени се следните заклучоци: секоја институција, од Агенцијата за вработување на РМ, да ги добива податоците од М1/М2 пријавите, а не како што беше предложено УЈП да ги доставува, потоа базата на податоците за обврзници и осигуреници која ја води Фондот на ПИОМ, да се догради со специфичните категории на осигуреници од ФЗО и АВРМ во облик на М1/М2 пријави, а бидејќи Фондот на ПИОМ сеуште нема воспоставено размена на податоци со Централниот Регистер, УЈП да помогне во дефиницијата на процесот за одржување на ажурен регистер за обврзници.

Во Фондот на ПИОМ овој регистер се одржува со интерактивен внос на М11 пријави на шалтерите во подрачните единици, и затоа е потребно УЈП да предложи како овој процес ќе се одвива откако ќе премине во нивна надлежност. Исто така, Управата за јавни приходи да се произнесе и за деловниот процес за корекции на податоците (ЕМБГ, датум на прво вработување итн.), за што е потребно да ги проучи деловните и техничките упатства од Фондот на ПИОМ и да утврди кои од тие функционалности ќе бидат прифатени во работењето на УЈП. Фондот на ПИОМ ќе биде одговорен за спроведување на сите измени во софтверот, а по 1 јануари 2009 година, УЈП да обезбеди софтверска компанија која ќе ги преземе активностите поврзани со развојот и одржувањето на софтверот, заради навремено запазување на определените временски рокови.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
ПОВЕЌЕ ОД: Активности
Previous
ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ УСЛУГА НА БАЊСКО КЛИМАТСКА РЕКРЕАЦИЈА НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА ЗА 2012 ГОДИНА
Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација. Oваа услуга може да ја користат лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување, а коишто ова право го стекнале заклучно со октомври 2011 година....
image
ПРЕТСТАВЕНА НАШАТА ПЕНЗИСКА РЕФОРМА
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, на 26 јануари о.г., го посетија претставници од Европската комисија во Република Македонија, кои остварија средба со Менаџерскиот тим на Фондот. ...
image
ДИСЦИПЛИНА И ОДГОВОРНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО
На 23 јануари, годинава, во Стручната служба на Фондот на ПИОМ – Централа, Скопје, се одржа работен состанок, на кој присуствуваа директорот на Фондот на ПИОМ, господинот Беким Незири, членовите на Менаџерскиот тим и раководителите на филијалите и деловниците на Фондот. ...
image
И ГОДИНАВА ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ
Се повикуваат сите пензионери кои се заинтересирани за овогодишното бањско-климатско лекување, да поднесат документи од 16 јануари до 15 февруари. Оние пензионери што еднаш веќе ја користеле оваа можност, не треба да аплицираат за оваа година...
image
ПРАКТИКАТА ЈА ПОТВРДИ ЕФИКАСНОСТА И КВАЛИТЕТОТ
    На 12 декември 2011 година, се одржа прес-конференција за претставниците на печатените и електронски медиуми. Целта беше македонската јавност да се запознае со согледувањата ...
image
НОВ ВИД НА КОМУНИКАЦИЈА СО ГРАЃАНИТЕ
    Почнувајќи од 25 ноември 2011 година Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија започна со нов вид комуникација со граѓаните, преку одржување на ...
image
БЕКИМ НЕЗИРИ НАШИОТ НОВ ДИРЕКТОР
    Новиот директор на Фондот на ПИОМ, Беким Незири, е роден 1975 година во Скопје, каде што завршил Средно медицинско училиште.    На Природно-математичкиот факултет во Скопје, ...
ИСКУСТВО ОД ПЕНЗИСКАТА ПОЛИТИКА ВО КАНАДА
На 1 ноември 2011 година стапи на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада. Ова е втор Договор кој Република Македонија го ...
image
ОДРЖАНА СРЕДБА МЕЃУ ДИРЕКТОРИТЕ НА ФОНДОВИТЕ ЗА ПИОМ
На 27 и 28 октомври во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржа средба меѓу директорот на Фондот на пензиското и инвалидското ...
image
СТАПУВА НА СИЛА ДОГОВОРОТ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И КАНАДА
На 1 ноември 2011 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада...
image
ОДРЖАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА ПОСВЕТЕНА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Фондот на ПИОМ ќе организира средби во седум градови за појаснување на постапката за остварување на странска пензија...
image
СТАРТУВА ПРОЕКТОТ ПОРТОКАЛОВ ПЛИК
Денес, 24 септември 2011 година, во Фондот на ПИОМ се одржа прес-конференција, на која присуствуваа и пред новинарите зборуваа министерот за труд и социјална политика, ...
ПРИЈАВА ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Во врска со објавениот Оглас за продажба на недвижни ствар - објект сопственост на ТД “Спиро Захов“ ДООЕЛ Банско – Струмица, по пат на јавно ...
Next
image

ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА УПРАВНИОТ ОДБОР ВО ГОДИНАТА ШТО ИЗМИНУВА

На 28 декември 2011 година Управниот одбор на Фондот ја одржа последната за оваа година - 101 седница, со која раководеше претседателот Ацо Стојанов. На седницата ...
Повеќе