Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?
Почетна | Активности | ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ УСЛУГА НА БАЊСКО КЛИМАТСКА РЕКРЕАЦИЈА НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА ЗА 2012 ГОДИНА

ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ УСЛУГА НА БАЊСКО КЛИМАТСКА РЕКРЕАЦИЈА НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА ЗА 2012 ГОДИНА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација. Oваа услуга може да ја користат лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување, а коишто ова право го стекнале заклучно со октомври 2011 година.


Услугата може да се користи еднаш, во период од 19 март до 30 ноември 2012 година, во траење од 7 дена. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постои спреченост поради болест.

Услугата на бањско климатска рекреација опфаќа:

- 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно)
- бањска терапија
- еден задолжителен здравствен преглед
- трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во којашто ќе се користи услугата на бањско климатска рекреација (трошоците  за превоз ќе бидат дозначени на трансакциската сметка на корисникот на пензија 7 дена пред определениот термин).

Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација.

Услугата на бањско климатска рекреација се остварува во правни лица регистрирани за вршење на услуга за бањско климатско лекување со коишто Министерството за труд и социјална политика ќе склучи договор.


Потребни документи коишто корисникот на пензија треба да ги достави за користење на услугата:

За користење на бањско климатската рекреација потребно е да се поднесе барање до Подрачната единица на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, според местото на живеење на корисникот на пензија. Барањето го издава подрачната единица на Фондот. Кон барањето, доколку корисникот на пензија користи и право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, треба да се достави и потврда/ чек за исплата  од  ноември 2011 година за користење на ова право од надлежниот Центар за социјална работа.

Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија којашто се исплатува од друга држава, задолжително треба да се достави и потврда/чек од банката за месечниот износ на пензијата.

Барањата ќе можат да се поднесат до 15 февруари 2012 година

По завршување на постапката Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, задолжително писмено ќе  го известат подносителот на барањето за установата во којашто ќе биде упатен и  периодот на користењето на услугата.

Списоците на корисниците на пензија на коишто не им е одобрено користење на услугата за бањско климатска рекреација ќе бидат објавени во  Подрачните единици на Фондот, како и на web  страната на Министерството за труд и социјална политика  (www.mtsp.gov.mk).

Напомнуваме дека, лицата–корисници на пензија коишто во 2010 и 2011 година  добиле право да користат бањско климатска рекреација не може да ја користат оваа услуга и во 2012 година.

  МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА     

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
ПОВЕЌЕ ОД: Активности
Previous
image
ПРЕТСТАВЕНА НАШАТА ПЕНЗИСКА РЕФОРМА
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, на 26 јануари о.г., го посетија претставници од Европската комисија во Република Македонија, кои остварија средба со Менаџерскиот тим на Фондот. ...
ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ УСЛУГА НА БАЊСКО КЛИМАТСКА РЕКРЕАЦИЈА НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА ЗА 2012 ГОДИНА
Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација. Oваа услуга може да ја користат лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување, а коишто ова право го стекнале заклучно со октомври 2011 година....
image
ДИСЦИПЛИНА И ОДГОВОРНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО
На 23 јануари, годинава, во Стручната служба на Фондот на ПИОМ – Централа, Скопје, се одржа работен состанок, на кој присуствуваа директорот на Фондот на ПИОМ, господинот Беким Незири, членовите на Менаџерскиот тим и раководителите на филијалите и деловниците на Фондот. ...
image
И ГОДИНАВА ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ
Се повикуваат сите пензионери кои се заинтересирани за овогодишното бањско-климатско лекување, да поднесат документи од 16 јануари до 15 февруари. Оние пензионери што еднаш веќе ја користеле оваа можност, не треба да аплицираат за оваа година...
image
ПРАКТИКАТА ЈА ПОТВРДИ ЕФИКАСНОСТА И КВАЛИТЕТОТ
    На 12 декември 2011 година, се одржа прес-конференција за претставниците на печатените и електронски медиуми. Целта беше македонската јавност да се запознае со согледувањата ...
image
НОВ ВИД НА КОМУНИКАЦИЈА СО ГРАЃАНИТЕ
    Почнувајќи од 25 ноември 2011 година Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија започна со нов вид комуникација со граѓаните, преку одржување на ...
image
БЕКИМ НЕЗИРИ НАШИОТ НОВ ДИРЕКТОР
    Новиот директор на Фондот на ПИОМ, Беким Незири, е роден 1975 година во Скопје, каде што завршил Средно медицинско училиште.    На Природно-математичкиот факултет во Скопје, ...
ИСКУСТВО ОД ПЕНЗИСКАТА ПОЛИТИКА ВО КАНАДА
На 1 ноември 2011 година стапи на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада. Ова е втор Договор кој Република Македонија го ...
image
ОДРЖАНА СРЕДБА МЕЃУ ДИРЕКТОРИТЕ НА ФОНДОВИТЕ ЗА ПИОМ
На 27 и 28 октомври во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржа средба меѓу директорот на Фондот на пензиското и инвалидското ...
image
СТАПУВА НА СИЛА ДОГОВОРОТ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И КАНАДА
На 1 ноември 2011 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада...
image
ОДРЖАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА ПОСВЕТЕНА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Фондот на ПИОМ ќе организира средби во седум градови за појаснување на постапката за остварување на странска пензија...
image
СТАРТУВА ПРОЕКТОТ ПОРТОКАЛОВ ПЛИК
Денес, 24 септември 2011 година, во Фондот на ПИОМ се одржа прес-конференција, на која присуствуваа и пред новинарите зборуваа министерот за труд и социјална политика, ...
ПРИЈАВА ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Во врска со објавениот Оглас за продажба на недвижни ствар - објект сопственост на ТД “Спиро Захов“ ДООЕЛ Банско – Струмица, по пат на јавно ...
Next
image

УТВРДЕНИ ПРИОРИТЕТНИТЕ ЗАДАЧИ ЗА РАБОТА

Управниот одбор оваа година стартуваше со плодна и ефективна седница.  Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на ПИО и имотот во домовите за ...
Повеќе