Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?
Почетна | Активности | И ГОДИНАВА ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ

И ГОДИНАВА ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Се повикуваат сите пензионери кои се заинтересирани за овогодишното бањско-климатско лекување, да поднесат документи од 16 јануари до 15 февруари. Оние пензионери што еднаш веќе ја користеле оваа можност, не треба да аплицираат за оваа година

На 14 јануари 2012 год., во Министерството за труд и социјална политика се одржа прес-конференција за Проектот „Бањско-климатска рекреација на корисниците на пензија за 2012 година“, на која присуствуваа и пред новинарите зборуваа министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски.
 Најнапред пред новинарите свое обраќање имаше министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, кој објасни дека, во рамките на програмските активности за обезбедување на социјална заштита и сигурност на старите лица во 2012 година, Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика и оваа година продолжуваат со реализација на Проектот за бањско-климатска рекреација на корисниците на пензија. 
- За реализација на овој проект годинава, обезбедени се средства со Буџетот на Република Македонија и зависно од интересот што ќе биде покажан, постои можност од дополнително проширување на опфатот на пензионери. Сакам да потенцирам дека лицата–корисници на пензија кои во 2010 и 2011 год. користеле бањско-климатска рекреација, не може оваа услуга да ја користат и во 2012 година, рече министерот Спиро Ристовски.
Во понатамошното свое излагање, тој посочи на условите за користење на услугата за бањско-климатска рекреација, согласно кои, истата може да ја користат корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со кои Република Македонија има склучено Договор за социјално осигурување, а кои ова право го стекнале заклучно со октомври 2011 година. Услугата може да се користи еднаш, во период од 19 март до 30 ноември 2012 година, во траење од 7 дена, и истата опфаќа 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, еден задолжителен здравствен преглед и трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во која ќе се користи услугата на бањско-климатската рекреација.
И оваа година, подвлече министерот Ристовски, услугата за бањско-климатска рекреација се остварува со правни лица регистрирани за вршење на услуга за бањско-климатско лекување, со кои Министерството за труд и социјална политика ќе склучи договор како и во претходните години, и тоа со: Здравствената установа-природно лекувалиште “Негорски бањи“ АД Негорци, Гевгелија, Друштвото за бањски туризам и телесна рехабилитација “Дебарски бањи Цапа“ АД Дебар, Друштвото за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација “Катлановска бања“ ДОО  Катланово и Здравствената установа АД “Цар Самоил“, село Банско - Струмица.
Пред новинарите се обрати и директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири, кој потенцира дека во реализацијата на овој значаен владин проект, во кој се вклучени пензионери со најниски примања, значајно место зазема и Фондот на ПИОМ, со што активно учествува во развојот и унапредувањето на активностите поврзани со прашањата од секојдневниот живот на пензионерите.
На крајот од своето обраќање, директорот Беким Незири, ги повика пензионерите кои сакаат да ја користат услугата за бањско-климатска рекреација, да аплицираат во филијалите на Фондот на ПИОМ, во периодот од 16 јануари до 15 февруари.
 Потоа, по овој период, Комисијата на Министерството за труд и социјална политика ќе изврши соодветно рангирање.

 

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
ПОВЕЌЕ ОД: Активности
Previous
image
ПРЕТСТАВЕНА НАШАТА ПЕНЗИСКА РЕФОРМА
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, на 26 јануари о.г., го посетија претставници од Европската комисија во Република Македонија, кои остварија средба со Менаџерскиот тим на Фондот. ...
ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ УСЛУГА НА БАЊСКО КЛИМАТСКА РЕКРЕАЦИЈА НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА ЗА 2012 ГОДИНА
Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација. Oваа услуга може да ја користат лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување, а коишто ова право го стекнале заклучно со октомври 2011 година....
image
ДИСЦИПЛИНА И ОДГОВОРНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО
На 23 јануари, годинава, во Стручната служба на Фондот на ПИОМ – Централа, Скопје, се одржа работен состанок, на кој присуствуваа директорот на Фондот на ПИОМ, господинот Беким Незири, членовите на Менаџерскиот тим и раководителите на филијалите и деловниците на Фондот. ...
image
И ГОДИНАВА ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ
Се повикуваат сите пензионери кои се заинтересирани за овогодишното бањско-климатско лекување, да поднесат документи од 16 јануари до 15 февруари. Оние пензионери што еднаш веќе ја користеле оваа можност, не треба да аплицираат за оваа година...
image
ПРАКТИКАТА ЈА ПОТВРДИ ЕФИКАСНОСТА И КВАЛИТЕТОТ
    На 12 декември 2011 година, се одржа прес-конференција за претставниците на печатените и електронски медиуми. Целта беше македонската јавност да се запознае со согледувањата ...
image
НОВ ВИД НА КОМУНИКАЦИЈА СО ГРАЃАНИТЕ
    Почнувајќи од 25 ноември 2011 година Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија започна со нов вид комуникација со граѓаните, преку одржување на ...
image
БЕКИМ НЕЗИРИ НАШИОТ НОВ ДИРЕКТОР
    Новиот директор на Фондот на ПИОМ, Беким Незири, е роден 1975 година во Скопје, каде што завршил Средно медицинско училиште.    На Природно-математичкиот факултет во Скопје, ...
ИСКУСТВО ОД ПЕНЗИСКАТА ПОЛИТИКА ВО КАНАДА
На 1 ноември 2011 година стапи на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада. Ова е втор Договор кој Република Македонија го ...
image
ОДРЖАНА СРЕДБА МЕЃУ ДИРЕКТОРИТЕ НА ФОНДОВИТЕ ЗА ПИОМ
На 27 и 28 октомври во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржа средба меѓу директорот на Фондот на пензиското и инвалидското ...
image
СТАПУВА НА СИЛА ДОГОВОРОТ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И КАНАДА
На 1 ноември 2011 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада...
image
ОДРЖАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА ПОСВЕТЕНА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Фондот на ПИОМ ќе организира средби во седум градови за појаснување на постапката за остварување на странска пензија...
image
СТАРТУВА ПРОЕКТОТ ПОРТОКАЛОВ ПЛИК
Денес, 24 септември 2011 година, во Фондот на ПИОМ се одржа прес-конференција, на која присуствуваа и пред новинарите зборуваа министерот за труд и социјална политика, ...
ПРИЈАВА ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Во врска со објавениот Оглас за продажба на недвижни ствар - објект сопственост на ТД “Спиро Захов“ ДООЕЛ Банско – Струмица, по пат на јавно ...
Next
image

УТВРДЕНИ ПРИОРИТЕТНИТЕ ЗАДАЧИ ЗА РАБОТА

Управниот одбор оваа година стартуваше со плодна и ефективна седница.  Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на ПИО и имотот во домовите за ...
Повеќе