PIOM: ДИСЦИПЛИНА И ОДГОВОРНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО ДИСЦИПЛИНА И ОДГОВОРНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО ================================================================================ Snezana Kutuzovska on 23 January, 2012 03:43:00 На оваа, прва од ваков вид, средба во оваа година, директорот на Фондот на ПИОМ, г-динот Беким Незири, откако ги поздрави присутните, ги повика раководителите одделно да се претстават и да ги изнесат проблемите со кои се соочуваат од областа на тековната работа, како и да дадат аргументирани предлози и препораки за нивно ефикасно разрешување. Целта на работната средба беше, Менаџерскиот тим на Фондот на ПИОМ да биде целосно ангажиран и запознаен со евентуалните проблеми во работењето на филијалите и деловниците, како од аспект на информатичката технологија, така и во врска со човечките ресурси, а заради навремено преземање на сите потребни активности за нивно целосно и ефективно надминување и реализирање на започнатите пензиски проекти. На крајот од состанокот, директорот Беким Незири ги даде потребните насоки за натамошно постапување и работење, со барање за особено спроведување на дисциплината кај вработените, воспоставување цврст систем на контрола во работењето и почитување и развивање на хиерархиската комуникација и по хоризонтална и по вертикална линија. Само така, ќе се овозможи, во иднина, Фондот на ПИОМ успешно да функционира како институција со квалификувани и остручени вработени без пропусти во работата кон корисниците на своите услуги, подвлече директорот Беким Незири.