Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?
Почетна | Активности | ПРЕТСТАВЕНА НАШАТА ПЕНЗИСКА РЕФОРМА

ПРЕТСТАВЕНА НАШАТА ПЕНЗИСКА РЕФОРМА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, на 26 јануари о.г., го посетија претставници од Европската комисија во Република Македонија, кои остварија средба со Менаџерскиот тим на Фондот.

   Присутните ги поздрави директорот на Фондот на ПИОМ, господинот Беким Незири, кој на гостите им ја претстави организационата поставеност во Фондот, како и соработката на нашата институција со Владата на РМ, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии. Тој истакна дека Фондот на ПИОМ е секогаш отворен за соработка, и подготвен да одговара на поставени прашања и да прифаќа стручни совети и препораки, сè во интерес на унапредување на неговата работа.
   Целта на престојот на претставниците на Европската комисија во нашата држава е, да извршат оценка на состојбите, меѓудругото и од областа на пензискиот систем во Република Македонија, и да дадат свои мислења, предлози и соодветни препораки до Владата и Европската комисија во Република Македонија.  
   На средбата се расправаше за спроведувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, посебно во делот на трошењето на јавните расходи, а беа поставени и други прашања во врска со работата на Фондот на ПИОМ.
   Консултантите, пред сè, се интересираа за финансиското работење на Фондот, наплатата на придонесите, внатрешната ревизија, справувањето со корупцијата и сл., за што добија стручни и компетентни одговори од вработените во Фондот на ПИОМ.  

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
ПОВЕЌЕ ОД: Активности
Previous
СРЕДБИ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ
ОДРЖАНИ МЕЃУНАРОДНИ СОВЕТОДАВНИ ДЕНОВИ МЕЃУ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ФОНДОТ НА ПИОМ И ГЕРМАНСКОТО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ...
image
ДОУТОЧНУВАЊЕ НА НЕКОИ ОДРЕДБИ ОД ДОГОВОРОТ
ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА...
image
ПОЧНАА СРЕДБИТЕ СО ГРАЃАНИТЕ
На 21 март, директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, го означија почетокот на средбите со граѓаните насловени како „Ден за Вас“. ...
СПИСОЦИ НА КОРИСНИЦИ НА УСЛУГАТА „БАЊСКО-КЛИМАТСКА РЕКРЕАЦИЈА НА КОРИСНИЦИТЕ НА ПЕНЗИЈА ВО 2012 ГОДИНА“, ПО ГРАДОВИ
Во прилог се списоците со корисниците по градови на услугата бањско-климатска рекреација во 2012 година, која ќе се реализира во следните субјекти: Здравствена установа-природно лекувалиште „Негорски бањи“ АД Негорци од Гевгелија, Друштво за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација „Катлановска бања“ ДОО Катланово, Друштво за бањски туризам и телесна рехабилитација „Дебарски бањи Цапа“ АД Дебар и ЗУ АД „Цар Самуил“ од Струмица. Истовремено, се известуваат корисниците на услугата за бањско-климатска рекреација во 2012 год., дека ќе добијат писмено известување на домашна адреса....
image
„ ДЕН ЗА ВАС “
Ги известуваме граѓаните дека Министерството за труд и социјална политика и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, организираат средба - “Ден за Вас“, која ќе се одржи во Фондот на ПИОМ (Сала на IV кат), на 21 март 2012 година, со почеток во 10.30 часот. ...
image
ПРЕТСТАВЕНА НАШАТА ПЕНЗИСКА РЕФОРМА
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, на 26 јануари о.г., го посетија претставници од Европската комисија во Република Македонија, кои остварија средба со Менаџерскиот тим на Фондот. ...
image
ДИСЦИПЛИНА И ОДГОВОРНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО
На 23 јануари, годинава, во Стручната служба на Фондот на ПИОМ – Централа, Скопје, се одржа работен состанок, на кој присуствуваа директорот на Фондот на ПИОМ, господинот Беким Незири, членовите на Менаџерскиот тим и раководителите на филијалите и деловниците на Фондот. ...
image
И ГОДИНАВА ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ
Се повикуваат сите пензионери кои се заинтересирани за овогодишното бањско-климатско лекување, да поднесат документи од 16 јануари до 15 февруари. Оние пензионери што еднаш веќе ја користеле оваа можност, не треба да аплицираат за оваа година...
image
ПРАКТИКАТА ЈА ПОТВРДИ ЕФИКАСНОСТА И КВАЛИТЕТОТ
    На 12 декември 2011 година, се одржа прес-конференција за претставниците на печатените и електронски медиуми. Целта беше македонската јавност да се запознае со согледувањата ...
image
НОВ ВИД НА КОМУНИКАЦИЈА СО ГРАЃАНИТЕ
    Почнувајќи од 25 ноември 2011 година Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија започна со нов вид комуникација со граѓаните, преку одржување на ...
image
БЕКИМ НЕЗИРИ НАШИОТ НОВ ДИРЕКТОР
    Новиот директор на Фондот на ПИОМ, Беким Незири, е роден 1975 година во Скопје, каде што завршил Средно медицинско училиште.    На Природно-математичкиот факултет во Скопје, ...
ИСКУСТВО ОД ПЕНЗИСКАТА ПОЛИТИКА ВО КАНАДА
На 1 ноември 2011 година стапи на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада. Ова е втор Договор кој Република Македонија го ...
image
ОДРЖАНА СРЕДБА МЕЃУ ДИРЕКТОРИТЕ НА ФОНДОВИТЕ ЗА ПИОМ
На 27 и 28 октомври во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржа средба меѓу директорот на Фондот на пензиското и инвалидското ...
image
СТАПУВА НА СИЛА ДОГОВОРОТ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И КАНАДА
На 1 ноември 2011 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада...
Next
image

УСВОЕН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РАБОТА НА ФОНДОТ ВО 2011 ГОДИНА

На Сто и осмата седница на Управниот  одбор на Фондот на ПИОМ, која се одржа на 3 мај 2012 година под раководство на претседателот Ацо ...
Повеќе