Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?
Почетна | Активности | ПОЧНАА СРЕДБИТЕ СО ГРАЃАНИТЕ

ПОЧНАА СРЕДБИТЕ СО ГРАЃАНИТЕ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

На 21 март, директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, го означија почетокот на средбите со граѓаните насловени како „Ден за Вас“.

На средбите, кои се одржаа во Фондот на ПИОМ, Централа-Скопје, претставници од стручните служби на Фондот, низ непосреден дијалог одговараа со цел да им помогнат на граѓаните да ги надминат проблемите со кои се соочуваат при остварувањето на правата од пензиското и инвалидско осигурување.
Министерот Спиро Ристовски и директорот Беким Незири, имаа можност да слушнат и дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните, кои најмногу се однесуваат на недостиг на одредени документи, некомплетирани податоци за стаж и плати, нецелосно пресметан износ на пензијата, потврдување на пензискиот стаж од странство и сл. 
Во своето обраќање пред новинарите, директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири, изјави дека со ваквиот начин на комуникација со граѓаните, Фондот како институција, транспарентно и директно ќе им помогне на своите корисници на услуги да добијат компетентен и стручен одговор на сите отворени прашања во врска со начинот на остварување на правото за пензија.
- Средбите кои започнаа во Скопје, ќе се одржат и во Струмица, Охрид, Велес, Куманово, Штип, Тетово и Битола, со што ќе бидат опфатени сите региони во Републикава. За одржувањето на регионалните средби, граѓаните однапред ќе бидат известени преку електронските и печатени медиуми и филијалите и деловниците на Фондот на ПИОМ, рече директорот Беким Незири.
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, проектот го оцени како исклучително значаен за граѓаните на Република Македонија, преку кој тие директно ќе можат да се посоветуваат за начинот на остварување на своите права од пензиското и инвалидско осигурување.

 

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
ПОВЕЌЕ ОД: Активности
Previous
image
РЕНОВИРАН ПЕНЗИОНЕРСКИОТ ДОМ ВО ОПШТИНА ЧАИР
В.д. директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија г-н Амет Даути и градоначалникот на Општина Чаир, г-н Изет Меџити, денес во единасесет часот го посетија Пензионерскиот дом Чаир, каде остварија средба со станарите на Домот. Целта на посетата беше да се види на лице место што е реновирано и колку се задоволни станарите на домот....
image
ЗАВРШЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРСКИОТ ДОМ ВО АВТОКОМАНДА
По повод завршената реконструкција на Пензионерскиот дом во Автокоманда, Општина Гази Баба, денес, 27 август, во 11,30 часот, пред платото на Пензионерскиот дом, прес-конференција одржаа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, в.д. директорот на Фондот на ПИОМ, Амет Даути, претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и претседателот на Советот на Општина Гази Баба, Милан Андоновски....
image
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ ЗА ОСИГУРЕНИЦИТЕ ВО МАТИЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА НА ФОНДОТ НА ПИОМ
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија воспостави нова услуга, со која преку својата веб-страница обезбедува пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во ...
image
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕГЛЕД НА РЕГИСТРИРАНИ ПОДАТОЦИ ЗА СТАЖ И ПЛАТА ДО ОБВРЗНИЦИТЕ
Со измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидско осигурување, објавени во Сл. Весник на Р.Македонија бр. 113/2014 година, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија според член 207-а ја спроведе обврската околу начинот на информираност на осигурениците во врска со податоците за стажот на осигурување и платите....
image
ПРИМЕНА НА ПРОЕКТОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОВЕРКА НА СТАЖОТ
На 4 јуни, во просториите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржа конференција за претставниците од печатените и електронски медиуми. На средбата со новинарите, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и в.д.директорот на Фондот на ПИОМ, Амет Даути, информираа за двата проекти на Владата на Република Македонија, и тоа, за електронскиот пристап до податоците за стаж и плати преку Интернет и за информирањето на граѓаните за нивниот стаж, двапати во годината. ...
image
“ДЕН ЗА ВАС” меѓу граѓаните на Чаир
Проектот “ДЕН ЗА ВАС” кој започна да се реализира од 2012 год. од страна на Министерството за труд и социјална политика, Фондот на ПИОМ и ...
ПРИЈАВА ЗА ИЗНОСОТ НА ПРИМЕНИОТ НАДОМЕСТОК ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛО И/ИЛИ АВТОРСКИ ДОГОВОР ИЛИ ДРУГ ДОГОВОР
Известување Подолу објавената Пријава, освен рачно да се пополнува, истата може или директно на веб-страницата електронски да се пополни и да се испринта, или пак, пријавата ...
image
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБВРСКИТЕ НА ЛИЦАТА КОИ ОСТВАРУВААТ ПРИХОДИ ВРЗ ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛО, АВТОРСКИ ДОГОВОР И ДРУГ ВИД ДОГОВОР
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, се утврдуваат категориите на обврзниците кои од 1 јануари 2015 година имаат обврска за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување и придонес за здравствено осигурување за приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело и/или авторски договор, или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа. ...
СПИСОК НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА КОИ ЌЕ ЈА КОРИСТАТ УСЛУГАТА ОД ПРОЕКТОТ „БЕСПЛАТЕН ТУРИСТИЧКИ ВИКЕНД ЗА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА ВО 2015 ГОДИНА“
СПИСОЦИ НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА КОИ ЌЕ ЈА КОРИСТАТ УСЛУГАТА - БЕСПЛАТЕН ТУРИСТИЧКИ ВИКЕНД  ...
ИЗВЕСТУВАЊЕ за користење услуга на бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година
Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација. Oваа услуга може ...
Next
image

ПОТВРДЕН КВАЛИТЕТОТ И ВЕРИФИЦИРАНА НАШАТА УСПЕШНА РАБОТА

Во изминатиот период, нашиот Управен одбор одржа седум седници, на кои се расправаше за повеќе актуелни прашања и беа донесени соодветни одлуки. ...
Повеќе