Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?
Почетна | Активности | РЕГИОНАЛНИ СРЕДБИ И АКТИВНОСТИ ЗА НАПЛАТА НА НЕНАПЛАТЕНИТЕ ПРИДОНЕСИ ДО 2008 ГОДИНА

РЕГИОНАЛНИ СРЕДБИ И АКТИВНОСТИ ЗА НАПЛАТА НА НЕНАПЛАТЕНИТЕ ПРИДОНЕСИ ДО 2008 ГОДИНА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Прифатените тринаесет заклучоци одат во прилог на полнење на буџетот и конечна наплата на заостанатиот долг од обврзниците

На 1, потоа на 3 и 5 март годинава во Битола, Куманово и Струмица се одржаа регионални состаноци со раководителите на филијалите и деловниците на Фондот и овластените контролори од директорот на Фондот. Организатор на состаноците беше Стручната служба на Централата на Фондот и тоа од Соња Бачовска, помошник директор на Секторот за финасиски прашања, Башким Амети шеф на Кабинетот на директорот, Боро Варошлија, советник на директорот, Милена Дилевска, координатор и Божана Ристеска, началник на Одделението за контрола на податоците од придонесите од ПИО. Поради важноста на темата, состаноците ги водеше директорот на Фондот Исни Јакупи.
      Во своето обраќање пред присутните тој, меѓудругото, го истакна следното:
- Битните промени во општествениот-економски развој во Република Македонија и влијанијата од економската рецесија пошироко во светот, непосредно имаат влијание и на наплатата на придонесите кај нас. Оттука, законските измени во однос на наплатата на социјалните придонеси и обврската за наплата на долговите до декември 2008 година на придонеисте од страна на Фондот ме задолжуваат како директор преку вас како непосредни извршители да ја извршиме оваа по многу нешто значајна задача во целост. Поради тоа, 2010 година во Фондот на ПИОМ ја прогласувам за година на наплата на заостанатите неплатени придонеси заклучно со декември 2008 година. 
     
Во продолжение на своето искажување пред присутните на регионалните средби, директорот И. Јакупи, го нагласи и следното:
      - Фондот ги презеде сите подготвителни активности за успешно завршување на оваа задача, а сега ги следиме и мериме резултатите од извршената работа преку модулот за контрола на неплатените придонеси и вашите извештаи. Имено, оваа задача е согласно член 32 од Законот за придонесите за задолжително социјлно осигурување, според кој е во имплемнетација и втриот циклус на модулот за контрола во сите филијали и деловници на Фондот на ПИОМ.
      Според тоа, оваа задача е од највисок приоритет, пред сé важна за Фондот и за Буџетот воопшто и барам целосно ангажирање од сите вас за нејзино плодоносно завршување. Со тоа, ќе се потврди правилото дека имиџот на институцијата го градат и одржуваат вработените со своето професионално и квалитетно работење, однесување со странките, корисниците на права, и законитото извршување на задачите. Тоа е ваша заедничка задача, која воедно го претставува и лицето на Фондот, за што нетреба да има отстапувања од оваа политика. Моја порака до вас е да настојувате да ја зголемите довербата на Фондот на ПИОМ кај обврзниците и институциите и да бидете достапни, предлагајте решенија и креирајте ја јавната и афирмативна политика на Фондот, заврши во своето обраќање, директорот Исни Јакупи.
      На трите состаноци, се пристапи кон пооделното разгледување на податоците по секоја Филијала и Деловница, со што се обезбеди целосната слика за состојбите со присилната наплата, по што едногласно се оцени од сите присутни дека задачата е од висок приоритет и се донесоа следните заклучоци:
      1. Филијалите и деловниците на Фондот на ПИОМ задолжително и понатаму поинтензивно да ги применуваат сите расположиви механизми и законски постапки за целосна наплата на неплатените придонеси до 2008 година.
      2. Се задолжуваат овластените контролори од директорот на Фондот, најдоцна до 30 април 2010 година да ги изготват сите записници, решенија од модулот за контрола и да ги достават за блокада на сметките на фирмите-неплаќачи, односно должници, бидејќи се можни последици од застареноста на побарувањата. Со постапката за присилна наплата, се задржува правото да нема застареност на побарувањето.
      Исто така, присилната наплата да го опфати целиот период на неплатен придонес, односно периодот и пред 2006 година, кој не е опфатен со моудлот за контрола. Според тоа, неопходно е да се вршат квалитетни непосредни контроли во документацијата на обврзниците, која е од влијание за точноста на пресметаниот и ненеаплтен придонес, посебно пред 2005 година. И уште нешто: квантитетот на работа несмее да биде од влијание на квалитетот на извршување на задачата.
      3. Во исклучителни ситуации за обврзници кои се од посебна важност за градот, општината или пошироко, за јавните претпријатија и други по нивно барање, филијалите и деловниците да предложат конкретни мерки со финансиска конструкција и рокови и да ги достават до директорот на разгледување или да се обезбедат регионални средби со овие обврзници со директорот и други претставници на Фондот. Целта е преку изградени критериуми и правила според големината на обврзникот и висината на долгот да се овозможи плаќање на неколку рати на заостанатиот неплатен придонес. При доставување на барањата од обврзниците во придружното писмо од филијалите и деловниците на Фондот, поопширно да се содржи појаснувањето за состојбата на обврзникот и причините за заостанатиот неплатен придонес, за поаргументирано разгледување и олеснување при завземање на став од страна на Фондот на ПИОМ за овозможување на плаќање на придонесите на неколку рати и тоа да се популаризира кај обврзниците со непосредни контакти.
      Во врска со ова се задолжуваат раководителите на филијалите и деловниците на Фондот да достават список на обврзници заинтересирани за средба со директорот на Фондот со цел да се разгледаат можностите за целосна наплата на заостанатиот долг, најдоцна до 12 март 2010 година. Списоците да се достават во електронска форма на мејл до Божана Ристеска.
      4. Се задолжува Стручната служба на Централата на Фондот на ПИОМ неделно да го следи извршувањето на оваа задача и за тоа ќе презема одредени мерки по пооделни филијали и деловници.
      5. Да се разгледа можноста од страна на Стручната служба на Фондот за покренување иницијатива за измена и дополнување на Законот за стечај и Законот за трговски друштва или да се поддржи нивната измена доколку е покрената, во смисла на спречување на злоупотреби со отворање на нови фирми и избегнување на плаќање на долговите кон ПИО.
        6. Да се применуваат сите казнени одредби од страна на раководителите и овластените контролори од директорот на Фондот, согласно Законот за ПИО, во однос на неподнесување на пресметки и неплатени придонеси заклучно со декември 2008 година.
        7. Се задолжуваат раководителите на филијалите и деловниците  да се разгледа можноста за начинот на информирање на обврзниците преку јавни локални гласила без надоместок (радио, телевизија) за активностите за присилна наплата на ненаплатените придонеси кои ги презема  Фондот согласно закон со цел да се обезбеди информираност и запознавање на обврзниците и на овој начин, покрај инструментите кои ги обезбедува законската регулатива (известувања, записници и друго). 
        8. Да се обезбеди мобилност на контролорите од филијалите и деловниците да можат да делуваат и во други филијали и деловници со цел да се заврши активноста со наплатата на заостанатите придонеси што побрзо.
Во зависност од завршувањето на задачата во подделни филијали и деловници, Одделението за контрола на податоците од придонесите од ПИО и Одделението за развој на информацискиот систем ќе изготват акционен план за нивно вклучување и во други филијали и деловници.
        9. Да се ажурира базата на податоци на обврзници од модулот за контрола во соработка со раководителите на филијалите и деловниците на Фондот за кои меѓувремено се отворени стечајни постапки, блокирани, или кои се ликвидирани (не работат, не се активни), а филијалите и деловниците немаат официјален доказ за тоа и друго или нивниот долг е помал од 500 денари.
        10. Се задолжува помошникот директор на Секторот за ИТ за создавање можност за пребарување на податоци по интернет од Централниот регистер за обврзници кои се во стечај или ликвидација со цел ажурирање на базата на податоци во моудлот за контрола, од страна на филијалите и деловниците и тоа веднаш, односно најдоцна до 10 март 2010 година .  
         11. Да се преземат активности од страна на помошникот директор на Секторот за финасиски прашања да се одржи состанок преку Здружението на банкарство со банките и Народна банка на РМ во врска со присутните незаконски појави и ненавремено извршување на решенијата за присилната наплата доставени од филијалите и деловниците на Фондот, најдоцна до 19 март 2010 година.
        12. Се задолжуваат помошниците директори на Секторите за финасиски прашања, остварување на права и ИТ да преземат инцијатива за одржување на состанок со АВРМ , Секторот за ИТ, Секторот за остварување на права за ажурирање на базата на податоци за вработените (М-1, М-2) во интрес на разрешувањето на неалоцираните уплати, најдоцна до 16 март 2010 година.
        13. Се задолжува помошник директорот на Секторот за финасиски прашања да ја разгледа можноста заедно со службите на Министерството за финансии (Трезор) за разрешување на неидентификуваните уплати кај буџетските корисници, најдоцна до 24 март 2010 година.
       Погоре наведените заклучоци се од задолжителен карактер за сите учесници на регионалните состаноци (раководители на филијали и деловници и овластени контролори од директорот на Фондот) и истите треба да се спроведат во најкус можен рок.
      Податоците од модулот за контрола (изготвени записници, решенија и наплатен придонес по овој основ) ќе бидат доставувани секој понеделник до филијалите и деловниците од страна на Стручната служба на Фондот, за што ќе бидат преземани и одредени мерки.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
ПОВЕЌЕ ОД: Активности
Previous
ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ УСЛУГА НА БАЊСКО КЛИМАТСКА РЕКРЕАЦИЈА НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА ЗА 2012 ГОДИНА
Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација. Oваа услуга може да ја користат лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување, а коишто ова право го стекнале заклучно со октомври 2011 година....
image
ПРЕТСТАВЕНА НАШАТА ПЕНЗИСКА РЕФОРМА
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, на 26 јануари о.г., го посетија претставници од Европската комисија во Република Македонија, кои остварија средба со Менаџерскиот тим на Фондот. ...
image
ДИСЦИПЛИНА И ОДГОВОРНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО
На 23 јануари, годинава, во Стручната служба на Фондот на ПИОМ – Централа, Скопје, се одржа работен состанок, на кој присуствуваа директорот на Фондот на ПИОМ, господинот Беким Незири, членовите на Менаџерскиот тим и раководителите на филијалите и деловниците на Фондот. ...
image
И ГОДИНАВА ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ
Се повикуваат сите пензионери кои се заинтересирани за овогодишното бањско-климатско лекување, да поднесат документи од 16 јануари до 15 февруари. Оние пензионери што еднаш веќе ја користеле оваа можност, не треба да аплицираат за оваа година...
image
ПРАКТИКАТА ЈА ПОТВРДИ ЕФИКАСНОСТА И КВАЛИТЕТОТ
    На 12 декември 2011 година, се одржа прес-конференција за претставниците на печатените и електронски медиуми. Целта беше македонската јавност да се запознае со согледувањата ...
image
НОВ ВИД НА КОМУНИКАЦИЈА СО ГРАЃАНИТЕ
    Почнувајќи од 25 ноември 2011 година Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија започна со нов вид комуникација со граѓаните, преку одржување на ...
image
БЕКИМ НЕЗИРИ НАШИОТ НОВ ДИРЕКТОР
    Новиот директор на Фондот на ПИОМ, Беким Незири, е роден 1975 година во Скопје, каде што завршил Средно медицинско училиште.    На Природно-математичкиот факултет во Скопје, ...
ИСКУСТВО ОД ПЕНЗИСКАТА ПОЛИТИКА ВО КАНАДА
На 1 ноември 2011 година стапи на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада. Ова е втор Договор кој Република Македонија го ...
image
ОДРЖАНА СРЕДБА МЕЃУ ДИРЕКТОРИТЕ НА ФОНДОВИТЕ ЗА ПИОМ
На 27 и 28 октомври во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржа средба меѓу директорот на Фондот на пензиското и инвалидското ...
image
СТАПУВА НА СИЛА ДОГОВОРОТ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И КАНАДА
На 1 ноември 2011 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада...
image
ОДРЖАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА ПОСВЕТЕНА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Фондот на ПИОМ ќе организира средби во седум градови за појаснување на постапката за остварување на странска пензија...
image
СТАРТУВА ПРОЕКТОТ ПОРТОКАЛОВ ПЛИК
Денес, 24 септември 2011 година, во Фондот на ПИОМ се одржа прес-конференција, на која присуствуваа и пред новинарите зборуваа министерот за труд и социјална политика, ...
ПРИЈАВА ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Во врска со објавениот Оглас за продажба на недвижни ствар - објект сопственост на ТД “Спиро Захов“ ДООЕЛ Банско – Струмица, по пат на јавно ...
Next
image

ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА УПРАВНИОТ ОДБОР ВО ГОДИНАТА ШТО ИЗМИНУВА

На 28 декември 2011 година Управниот одбор на Фондот ја одржа последната за оваа година - 101 седница, со која раководеше претседателот Ацо Стојанов. На седницата ...
Повеќе