Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?

Финансии

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font

Стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување изнесува 18%, а висината е утврдена со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (Службен весник на РМ Бр.142/08 и 64/09)

Вкупни приходи

Вкупните приходи на Фондот се остваруваат од изворни приходи од придонесите и трансферни средства од Буџетот на Републиката и Агенцијата за вработување по основ на придонес за пензиско и инвалидско осигурување за невработени лица. Покрај овие средства, Фондот остварува приходи и од акцизи, дивиденда и продажба на акции и удели и други приходи.

Вкупните приходи на Фондот во 2010 година изнесуваат 41.470,03 милиони денари, остварени од следните извори на финансирање:
Изворните приходи (придонес од плата, бенефициран стаж, придонес од физички лица што вршат дејност и вработени кај нив, придонес од индивидуални земјоделци и Агенцијата за вработување) изнесуваат 26.301,39 милиони денари,
787,57 милиони денари од акцизи,
14.218,12 милиони денари од Буџетот на Републиката,
50,78 милиони денари од дивиденда и продажба на акции и удели и
112,17 милиони денари од други приходи (камати, закупнина, вештачење за туѓа нега и помош, средства од други фондови за исплата на пензии).
Средствата од придонесите кои се пресметуваат од бруто платата на вработените, во 2010 година се остварени во износ од 25.156,98 милиони денари или 60,7% од вкупните приходи на Фондот.
Средствата од Буџетот на Републиката се остварени во износ од 14.218,12 милиони денари и истите се однесуваат за подмирување на законските обврски, за транзициони трошоци и за покривање на тековниот дефицит.
Приходите од придонесот од доходот, изнесуваат 350,14 милиони денари. 
Приходите од физички лица што вршат самостојна дејност и вработени кај нив се остварени во износ од 587,01 милиони денари.
Приходите од индивидуалните земјоделци се остварени во износ од 43,36 милиони денари.
Приходите од акцизите, кои се пресметуваат по стапка од 9,18% од нафтените деривати, изнесуваат 787,57 милиони денари или 1,9% од вкупните приходи.
Од Агенцијата за вработување за лицата кои примаат надоместок, во 2010 година се остварени средства во износ од 163,90 милиони денари.
Од дивиденда и од продажба на акции и удели во 2010 година се остварени средства во износ од 50,78 милиони денари, и тоа: од дивиденда 10,00 милиони денари и од продажба на акции и удели 40,78 милиони денари.
Други приходи во 2010 година, се остварени во износ од 112, 17 милиони денари.

Вкупни расходи

Вкупните расходи на Фондот во 2010 година изнесуваат 42.507,46 милиони денари.
Расходите на Фондот се однесуваат за: исплата на пензиите, трансфер на средствата за приватни пензиски фондови, надоместок за телесно оштетување, надоместоци од инвалидското осигурување и интернатско сместување на деца инвалиди, придонес за здравствено осигурување, други трошоци, капитални расходи, за купување и реконструкција на деловни објекти и надоместокот на Стручната служба на Фондот.

Расходите за исплата на пензии во 2010 година изнесуваат 34.437,32 милиони денари или 81,0% во однос на вкупните расходи, од кои за редовните пензии 33.865,55 милиони денари; за земјоделските пензии 103,41 милиони денари; за воените пензии 468,36 милиони денари.

За придонесот за здравствено осигурување на корисниците на пензија во 2010 година се исплатени средства во износ од 4.338,25 милиони денари, или 10,2% во однос на вкупните расходи. Овој придонес се пресметува по стапка од 13,0% од исплатените пензии. Трансферот на средства за приватните пензиски фондови изнесуваат 3.172,93 милиони денари.

Финансиски резултат

Во 2010 година Фондот оствари вкупни приходи во износ од 41.470,03 милиони денари и вкупни расходи од 42.507,46 милиони денари.
Согласно член 37 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (“Службен весник на Република Македонија“ бр.153/2007), од 1 јануари 2010 година усогласувањето на пензиите се изврши и тоа за 50% од движењето на просечно исплатената нето плата на сите вработени во Републиката и 50% од движењето на индексот на трошоците на живот.

Во 2010 со остварените приходи од придонесите и средствата од буџетот на Републиката се обезбедени средства за редовна исплата на пензиите. Фондот исплатата на пензиите ја вршеше до 5-ти во месецот за претходниот месец.

Буџет на Фондот

Потребните средства за остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување се утврдуваат со планирање на приходите и расходите утврдени со Буџетот на Фондот.

Буџетот на Фондот е составен дел на макроекономската политика за секоја фискална година.Буџетот на Фондот го утврдува Управниот одбор на Фондот, а неговото донесување е составен дел на Буџетот на Републиката, односно го усвојува Собранието на Република Македонија, со што се обезбедува буџетскиот процес да има две значајни карактеристики:
транспарентност во донесувањето на Буџетот и одговорност во реализацијата на предвидените буџетски приходи и расходи.Составувањето на Буџетот подразбира процес на планирање на приходите и расходите од страна на Фондот и негово усогласување со реалните потреби за редовна исплата на пензиите.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
ПОВЕЌЕ ОД: Финансии
Previous
Финансии
Стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување изнесува 18%, а висината е утврдена со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (Службен весник на РМ Бр.142/08 и 64/09)...
Next
image

ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА УПРАВНИОТ ОДБОР ВО ГОДИНАТА ШТО ИЗМИНУВА

На 28 декември 2011 година Управниот одбор на Фондот ја одржа последната за оваа година - 101 седница, со која раководеше претседателот Ацо Стојанов. На седницата ...
Повеќе