PIOM: Електронско М-4 Електронско М-4 ================================================================================ padmin on 19 May, 2010 04:13:00 Заради поефикасно и поекономично извршување на со закон утврдените обврски во однос на преземањето и утврдувањето на податоците за стажот на осигурување, остварените плати и надоместоци кои се регистрираат во матичната евиденција на осигурениците, за подрачните единици на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и обврзниците за плаќање на придонесот кои финансиското работење го водат со компјутерска опрема се дава следното појаснување. За олеснување и поефикасно извршување на со закон утврдените обврски во однос на преземањето и утврдувањето на податоците за стажот на осигурување, остварените плати и надоместоци, изработивме апликација за електронско доставување на податоците од М-4 пријавите. Апликацијата и упатството за нејзиното користење можете да ги симнете ако кликнете на следните документи :