Солидарен Фонд
СООПШТЕНИЕ - Исплатата на погребните трошоци за сите корисници на пензија што ќе починат од 1 јануари 2008 година, ќе ја врши Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија преку своите подрачните единици во Републиката.
Барање за исплата на погребните трошоци може да поднесе член на семејството, или друго лице кое го извршило погребот на корисникот на пензија, до Подрачната единица на Стручната служба на Фондот, според адресните податоци каде што се вршела исплатата на пензијата на корисникот на пензија до денот на смртта.
Кон барањето потребно е да се приложат следните документи:
• чек од исплатена пензија на починатиот корисник на пензија или
потврда издадена од Фондот дека е корисник на пензија;
• извод од матичната книга на умрените;
• извод од матичната книга (за вдовица - извод од венчаните),
за деца - извод од родените;
• фотокопија од лична карта на лицето кое ги подига средствата.
• број на трансакциската сметка во банка на која треба да бидат
дозначени средствата.
Покрај наведените документи лицето кое го извршило погребот , а не е член на семејството приложува и фактура за извршен погреб.
Makedonski
Shqip
English





-
Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb