Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?

Меѓународни договори

Република Македонија, со цел да ги заштити своите граѓани во странство, со другите држави склучила меѓународни договори за социјално осигурување.Со нивната примена, граѓаните на Република Македонија кои се вработени или престојуваат во странство, како и членовите на нивните семејства, ги остваруваат своите права по основ на работата, односно осигурувањето во странство, а со тоа и на одредени облици на социјална сигурност (пензиско и здравствено осигурување и сл.).

За спроведување на постапката за примена на меѓународните договори за социјално осигурување во Република Македонија, надлежно е Одделението за спроведување на меѓународни договори при Стручната служба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија - Централа Скопје.

За примена на договорите за социјално осигурување кои ги склучила Република Македонија со поранешните југословенски републики Хрватска, Словенија, и Србија и Црна Гора, надлежни се следните овластени подрачни единици на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија:
- Подрачна единица во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Велес, Штип, Тетово, Гостивар, Струмица, Гевгелија, Пробиштип, Кочани, Крива Паланка, Берово, Охрид, Струга, Делчево, Кавадарци и Ресен.

1. Склучени договори за социјално осигурување

Република Македонија по осамостојувањето ги склучи и во примена се договорите за социјално осигурување со следните држави:

- Договор со Република Хрватска, влезен во сила на 1.11.1997 година;
- Конвенција со Австрија, влезена во сила на 1.4.1998 година;
- Договор со Турција, влезен во сила на 1.7.2000 година;
- Договор со Република Словенија, влезен во сила на 1.4. 2001 година;
- Конвенција со Швајцарската конфедерација, влезена во сила на 1.1.2002 година;
- Договор со СР Југославија, влезен во сила на 1.4.2002 година;
- Договор со Република Бугарија, влезен во сила на 1.8.2003 година;
- Договор со СР Германија, влезен во сила на 1.1.2005 година;
- Договор со Босна и Херцеговина, влезен во сила на 1.4.2006 година;
- Договор со Република Чешка, влезен во сила на 1.1.2007 година.
- Договор со Кралството Холандија, влеува во сила на 1.4.2007 година.
- Договор со Република Полска, влезен во сила на 1.7.2007 година.
- Договор со Република Романија, влезен во сила на 1.3.2008 година
- Договорот со Големото Војводство Луксембург стапи на сила на 1.4.2009 година
- Договорот со Кралството Белгија ќе стапи на сила на 1.6.2009 година
- Договор со Австралија, влезен во сила на 1.4.2011 година.
- Договор со Република Црна Гора, влезен во сила на 1.8.2011 година
- Договор со Канада, ќе влезе во сила на 1.11.2011 година

2. Договори за социјално осигурување, потпишани и ратификувани од Македонскиот парламент и се чека ратификација од странските парламенти:

- Договор со Кралството Данска

3. Договори кои се парафирани, а се чека нивно потпишување:

- Договор со Република Унгарија

- Договор со Република Италија

4. Држави со кои се водат преговори за склучување на договори за социјално осигурување:

До склучување нови договори за социјално осигурување Република Македонија ги применува договорите преземени од поранешна СФРЈ и тоа:

- поранешна Чехословачка
- Англија и Северна Ирска
- Франција
- Италија
- Норвешка
- Шведска

5. Предлози на Министерството за труд и социјална политика за водење постапка за преговори за склучување на договори за социјално осигурување, според член 5 став 2 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори и за кои Владата на Република Македонија донела заклучоци за водење на преговорите:

- Квебек (заклучок на Комисија на Влада од 27.7.1998 година)
- Словачка (заклучок на Влада од 29.8.2000 година)
- Република Италија (заклучок на Влада од 23.4.2002 година)
- Република Франција (заклучок на Влада од 23.4.2002 година)
- Кралството Шведска (заклучок на Влада од 23.4.2002 година)
- Русија
- Узбекистан

6. Држави со кои треба да се поведат иницијативи за склучување на нови договори за социјално осигурување:

- Обединетото Кралство на Англија и Северна Ирска
- Норвешка

7. Држави со кои поранешна Југославија склучила нецелосни договори, а Република Македонија има интерес целосно билатерално да ги уреди односите од социјално осигурување со овие држави:

- Либија и Египет (Договор за избегнување на двојно плаќање на придонесот)
- со САД воспоставен по писмен пат реципроцитет во плаќањето на пензиите.

8. Држави со кои Република Македонија има оправдан интерес за склучување договори за социјално осигурување, а со кои поранешна Југославија такви договори не склучила:

- Државите од поранешен СССР (Узбекистан, Ташкент, Русија и др.)
- Албанија

 

image

УСВОЕН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РАБОТА НА ФОНДОТ ВО 2011 ГОДИНА

На Сто и осмата седница на Управниот  одбор на Фондот на ПИОМ, која се одржа на 3 мај 2012 година под раководство на претседателот Ацо ...
Повеќе
КОНТАКТ