Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?

Организациска поставеност

Стручна служба на Фондот

За вршење на управните, финансиските, стручните, административните и другите работи за спроведување на пензиското и инвалидско осигурување, Фондот има единствена Стручна служба, со подрачни единици во општините.
Со работата на Стручата служба на Фондот, раководи директорот на Фондот.
Работата на Стручната служба на Фондот е организирана преку:

1. Централа - за работите од спроведувањето на пензиското и инвалидско осигурување за територијата на Република Македонија, со седиште во Скопје.
2. Филијали - за работите од подрачјето на една или повеќе општини.
3. Деловници - за дел од работите на филијалата кога е организирана на подрачјето на повеќе општини.


Централа

Стручната служба - Централа - Скопје се наоѓа на ул.”Владимир Комаров” бб, Скопје.
Работата во Централата се извршува во рамките на секторите, и тоа:

Трајко

1. Сектор за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување

Ги раководи и организира работите за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување, решавањето на правата од втор степен, устројувањето на матичната евиденција, оценката на работната способност, ревизија на бенефицираниот стаж и решавање на барањата со примена на меѓународни спогодби.

Помошник директор: Трајко Премчески
телефон: 3114-189

  2. Сектор за економско - финансиско работење

Организира, раководи и ги усогласува финансиските, планско-аналитичките и сметководствени работи, Буџетот на Фондот, изготвување на Годишната сметка и Годишниот извештај, статистичките податоци, работата со хартии од вредност, врши увид и контрола во наплатата на придонесите, актуарското планирање и наменското користење на средствата и др.

Помошник директор: Соња Бачовска
телефон: 3121-295

 

Atanas

3. Сектор за информатика

Врши проектирање и одржување на информацискиот систем на Фондот, развојот на постојните апликативни решенија и информациската мрежа и заштитата на податоците.

Помошник директор: Атанас Манчев
телефон: 3161-775

 

4. Сектор за човечки ресурси, правни и општи работи

Организира, раководи и ги координира работите во врска со застапувањето и правното работење на Фондот, кадровското работење и остварувањето на правата на вработените од работните односи, стопанисувањето со имотот на Фондот, организирањето на работата на органите на Фондот и информирање за нивната работа, изготвување на разни општи акти, договори и слично.

Помошник директор: Амет Даути
телефон: 3115-768

 

image

УСВОЕН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РАБОТА НА ФОНДОТ ВО 2011 ГОДИНА

На Сто и осмата седница на Управниот  одбор на Фондот на ПИОМ, која се одржа на 3 мај 2012 година под раководство на претседателот Ацо ...
Повеќе
КОНТАКТ