Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?

Постапка и потребна документација

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font

Постапката за остварување право од пензиско и инвалидско осигурување се поведува:

- по барање  на осигуреникот за остварување право на старосна пензија

- по барање на член на семејството од починатиот осигуреник или корисник на пензија за остварување право на семејна пензија

- по барање на осигуреникот или по предлог на лекарот што го лекувал осигуреникот, односно лекарска комисија за остварување на правото  од инвалидско осигурување (инвалидска пензија, паричен надоместок за телесно оштетување)

Барањето за остварување право од пензиско и инвалидско осигурување се поднесува писмено на образец ЕП-10 (барање за остварување право од пензиско и инвалидско осигурување), прилог бр.1, и се поднесува до подрачната единица на Стручната служба на Фондот на ПИОМ на чие подрачје осигуреникот бил последен пат осигурен.


Потребна документација за остварување на правото од пензиско и инвалидско осигурување:

 а) За старосна пензија

 - работна книшка и докази за пензискиот стаж што не е упишан во работната книшка (решенија, уверенија, потврди и др.)

 -извод од матичната книга на родените со впишан единствен матичен број, или лична карта на увид

- решение за престанок на работниот однос, односно престанок на осигурувањето (образец М2).

b) За право од инвалидско осигурување:

- работна книшка и докази за пензискиот стаж што не е упишан во работната книшка (решенија, уверенија, потврди и др.)

- извод од матичната книга на родените со впишан единствен матичен број или лична карта на увид

- образец бр 3 издаден од матичниот лекар, (Предлог за утврдување на инвалидност со наод и мислење за здравствената состојба и за работната сопособност на осигуреникот)

- медицинска документација пропишана со Одлуката за задолжителен минимум на обемот и содржината на медицинската документација во постапката за остварување  права по основа на инвалидност (Сл.весник на РМ бр.88/04).

- пријава за повреда на работа (ако осигуреникот е повреден на работа).


в) За право на семејна пензија:

- работна книшка и докази за пензискиот стаж што не е упишан во работната книшка (решенија, уверенија, потврди и др.) ако правото на семејна пензија се остварува по смртта на активен осигуреник.

- извод од матичната книга на родените со впишан единствен матичен број за сите членови за семејството за кои се бара признавање право на семејна пензија.

- извод од матичната книга на венчаните за вдовицата-вдовецот за кого се бара признавање право на семејна пензија (изводот треба да биде издаден после смртта на осигуреникот-корисникот на пензијата)

- извод од матичната книга на умрените и пријава за несреќа на работа ако смртта настапила по повреда на работа.

- доказ за редовно школување на децата постари од 15 години за кои се бара признавање право на семејна пензија

- медицинска докумантација за членовите на семејството за кои се бара признавање право на семејна пензија по основа на неспособност за работа

- докази за посвојување, за заедничко домаќинство, за имотната состојба на домаќинството, за издржување, за служење на воениот рок и др., во случаите каде за поодделни членови на семејството  признавањето на правото на семејна пензија е условено со постоење на одредени факти.

Покрај наведените докази, со барањето за признавање на право од пензиското и инвалидското осигурување може да бидат приложени и други докази заради утврдување на фактите во врска со остварувањето на правата (решенија за користење на некои права од пензиско и инвалидско осигурување, пресуди за доделена издршка, уверенија-потврди за заснован работен однос или вршење на дејност и др.)

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
ПОВЕЌЕ ОД: Постапка и потребна документација
Previous
Постапка и потребна документација
Постапката за остварување право од пензиско и инвалидско осигурување се поведува:...
Next
image

ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА УПРАВНИОТ ОДБОР ВО ГОДИНАТА ШТО ИЗМИНУВА

На 28 декември 2011 година Управниот одбор на Фондот ја одржа последната за оваа година - 101 седница, со која раководеше претседателот Ацо Стојанов. На седницата ...
Повеќе