Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?
Почетна | Права на осигурениот | Права на осигуреникот

Права на осигуреникот

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font

Актуелни услови за остварување право на пензија

Видови на права:

а) Старосна пензија
б) Инвалидска пензија
в) Семејна пензија
г) Право на паричен надоместок за утврдено телесно оштетување
д) Право на паричен надоместок за професионална рехабилитација


Актуелни услови за остварување право на пензија

Согласно член 17 од Законот ( Службен  весник на РМ бр.24/00) осигуреник остварува право на старосна пензија со навршување на 64 години старост маж односно 62 години старост жена и  најмалку 15 години пензиски стаж.

Актуелни услови за остварување право на пензија за
            посебните категории на осигуреници
                 

На осигуреник од Министерството за одбрана  и на служба во  постојаниот состав на Армијата на Република Македонија,  како и на работник во Министерството за внатрешни работи,  кој има најмалку 25 години пензиски стаж од кои најмалку 15 години ефективно поминати на работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење и 55 години (маж) односно 50 години (жена) ако работниот однос им престанал по потреба  на службата може да оствари право на старосна пензија.

Известување за условите за стекнување право на старосна пензија согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување

Во Службен весник на Република Македонија бр.101/05 од 24.11.2005 година, објавени се измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Со членот 1 од овие измени и дополнувања е регулирано дека во членот 30 од Законот за измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување „Сл. Весник на РМ бр. 24/00“, бројот „35“ е заменет со бројот „33“, а бројот „30“ е заменет со бројот „28“.

Со споменатите измени и дополнувања на Законот, осигурениците може да остварат старосна пензија доколку на 01.09.2000 година, имале навршено 28 години пензиски стаж (жена), односно 33 години пензиски стаж (маж), кога ќе навршат 35, односно 40 години пензиски стаж, без оглед на возраста.

Согласно оваа одредба, доколку се исполнети условите од членот 1 од споменатиот закон, право на старосна пензија ќе остварат и осигурениците на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење, под услов да е платен придонесот за пензиското и инвалидско осигурување.

Имајќи ги предвид извршените измени и дополнувања, се известуваат осигурениците, дека со овие измени и дополнувања не се враќаат во целост старите услови за остварување право на старосна пензија.

Имено, условите за стекнување право на старосна пензија утврдени со членот 5 од Законот за изменување и дополнување на пензиското и инвалидското осигурување („Сл.весник на РМ“ бр.24/00“) и понатаму остануваат непроменети, односно право на старосна пензија имаат осигурениците со навршено 64 години старост маж, односно 62 години старост жена и минимум 15 години пензиски стаж. Во период до 31.12.2005 година старосната граница за осигуреник жена изнесува 61 година, а од 1.1.2006 година до 31.12.2006 година изнесува 61 година и шест месеци.

ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Ако доктор специјалист кој учествува во постапката за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа, во своето работење неосновано утврди постоење на инвалидност или не пријави невистинита, односно погрешна медицинска документација, тоа претставува повреда  на обврските утврдени со закон и основа за престанок на работниот однос со отказ.
Лице кое издало погрешна или невистинита медицинска документација, неосновано утврдило постоење на  инвалидност или не пријавило инвалидност, или доставило невистинита докуменатција, ќе одговара за кривично дело и ќе биде казнето согласно Кривичниот законик.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
ПОВЕЌЕ ОД: Права на осигурениот
Previous
Права на осигуреникот
Актуелни услови за остварување право на пензија...
Next
image

ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА УПРАВНИОТ ОДБОР ВО ГОДИНАТА ШТО ИЗМИНУВА

На 28 декември 2011 година Управниот одбор на Фондот ја одржа последната за оваа година - 101 седница, со која раководеше претседателот Ацо Стојанов. На седницата ...
Повеќе