• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

СПИСОК НА КОРИСНИЦИ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОБЈАВЕН НА ВЕБ СТРАНАТА НА ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списокот на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Фондот.

Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година.

На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се објавени корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списокот на корисници на финансиската поддршка.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Линк до списокот:

КОРИСНИЦИ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА