Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?

Упатства

Упатство за пополнување и доставување на месечните податоци за пресметани плати и придонеси за осигурениците до Фондот

Со ова Упатство поблиску се обработуваат сите прашања поврзани со пополнувањето и доставувањето на податоците за пресметани плати и придонеси (Образец МППП, во електронска форма, пропишан со Правилникот за содржината, формата и начинот на доставување на податоци за пресметана плата и придонес за пензиско и инвалидско осигурување ,,Службен весник на РМ” број 92/04 ).

Каде е регулирана обврската за доставување на податоците?
Со член 183 став 4, 5 и 6 од Законот за измени и дополнување на Законот за  пензиско и инвалидско осигурување (“Сл. весник на РМ” бр 85/03) е регулирано:

• Обврзниците се должни придонесот за пензиско и инвалидско осигурување да го, пресметаат и уплатат  месечно, поединечно за секој осигуреник врз основа на основиците утврдени според членот 180 на овој закон за соодветниот месец и податоците за пресметана плата и придонеси да ги достават до Фондот најдоцна до 8-ми во тековниот за претходниот месец. 

• Месечната пресметка за висината на придонесот ја контролира и потврдува Фондот, пред обврзникот да изврши уплата на придонесот кај носителот на платниот промет.

• Податоците обврзникот е должен да ги достави до Фондот по електронски пат, со задолжително користење на комјутерски софтвер на Фондот, на начин и постапка пропишани со Правилникот за содржината, формата и начинот на доставување на податоци за пресметана плата и придонес за пензиско и инвалидско осигурување, каде е  поконкретно регулирано доставувањето на податоците.

 Форматот и описот на МППП фајлот е составен дел на наведениот  правилник објавен во “Службен весник на РМ” 92/04 .



 

image

ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА УПРАВНИОТ ОДБОР ВО ГОДИНАТА ШТО ИЗМИНУВА

На 28 декември 2011 година Управниот одбор на Фондот ја одржа последната за оваа година - 101 седница, со која раководеше претседателот Ацо Стојанов. На седницата ...
Повеќе
КОНТАКТ