• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
TUV Certified

Разликите во однос на различните уплати на придонес завршуваат со решението за пензија. Линеарното зголемување на пензиите е праведно, потенцира директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов за Радио Слободна Европа

Линеарното усогласување на пензиите се прави за да се намали влијанието на порастот на цените врз животниот станадард на пензионерите, истакна директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов, во неделното интервју на Радио Слобдона Европа.  Во однос на  иницијативите пред Уставниот суд за оцена на уставноста на Законот со кој се предвидува линеарно зголемување на пензиите, тој рече дека треба да се почека одлуката на Уставниот суд.

Во однос на аргументите дека некој уплаќал повеќе пари со придонесот, Мемов рече:

„Аргументите што јас ги давам, како директор на оваа институција, и тие се мои лични аргументи и ставови, се дека разликите за тоа кој колку уплаќал во Фондот по основ на придонеси за пензиско-инвалидско осигурување завршуваат со моментот за изготвување на решението за пензија. Тоа значи дека вие како осигуреник во текот на работниот век сте уплаќале одредена сума на средства преку придонесите за пензиско и вие имате повеќе уплатено средства. Јас како осигуреник имам помалку уплаќано средства во својот работен век. На денот на пресметка, разликите во пензијата се што вие имате Х-вредност поголема пензија од мене. И тука завршуваат сите тие разлики околу уплатата на придонесите и кој колку придонел во буџетот на Фондот за ПИОМ. Од друга страна, ублажувањето, односно ценовните шокови, инфлација и така натаму, подеднакво влијаат на сите граѓани во државата. Лебот, млекото, јајцата и останатите производи подеднакво се поскапени или услугите и за вас и за мене“, потенцира Мемов.

Запрашан дали е можеби подобро наместо линеарно зголемување да се даде поголемо покачување на најниските пензии, додека за останатите покачувањето да си биде ист процент, директорот на Фондот Мемов одговори:

„Видете, барањето на сите релевантни здруженија на пензионери, вклучувајќи го и најголемото здружение, тоа е Сојузот на здруженија на пензионери во Република Македонија, беа во насока на линеарно зголемување на пензиите и Владата тоа го испочитува. На крајот на краиштата, ние како Фонд за пензиско инвалидско осигурување не ги носиме политиките во оваа сфера. Ние сме инструмент за имплементација на политиките што ги усвојува Владата преку Собранието. Владата е таа којашто ги прдлага овие законски решенија“.

Мемов одговори и на прашањето за причините поради кои пензионерите кои живеат во странство не добија линеарно покачување при што рече дека аргументацијата во Собранието   била дека тие, околу 10 илјади пензионери, не ги чувствуваат ценовните шокови и инфлацијата во Македонија.

Запрашан кога ќе биде следното покачување на пензиите директорот на Фондот, Мемов рече:

„Согласно измените на законот донесени оваа година, во март месец  2026 година, пензионерите ќе добијат линеарно покачување од 1000 денари, додека  наредниот септемвари 2026 ќе важат старите одредби од Законот за пензиско, каде што останува одредбата за процентуално усогласување на пензиите согласно швајцарскиот модел“.

На прашањето за финансиската ситуација на Фондот, директорот Мемов одговори дека пензионерите може да бидат спокојни.

„Исплата на пензиите ќе биде редовна на први во месецот. Во буџетот за 2026 година предвидени се околу 117 милијарди денари за исплата на пензии. Меѓутоа, предвидена е и исплата на здравственото осигурување на пензионерите, исто така и транзициските трошоци кон пензиските друштва во вториот столб. За таа цел, за да биде системот заокружен и одржлив, Владата ќе обезбеди околу 62 милијарди денари, тоа е околу 1 милијарда евра, трансфери кон Фондот на пензиското и инвалидското осигурување за обезбедување навремена исплата на пензиите, на здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци кон вториот столб“.

Запрашан колку е одржлива на долг рок состојбата во која владата секоја година обезбедува се повеќе средства од буџетот за пензиите, за 2025 година околу 820  млиони евраа, за 2026 година една милијарда, Мемов одговори дека трансферите што биле планирани за 2025 година се 53 милијарди денари или 862 милиони евра.

„Од тие 862 милиони евра, дел се користат за исплата на пензии коишто недостасуваат од изворните приходи што ги остварува Фондот, дел се користи за транзициски трошоци кон пензиските друштва во вториот столб и дел се користат за здравственото осигурување на пензионерите, каде што уплатите ги правиме во Фондот за здравствено осигурување. За следната година, се обезбедени 62 милијарди денари или една милијарда евра. Планираните приходи што се по основ на придонеси за пензиско осигурување се 87 милијарди денари, а  исплатата на пензиите е планирана на околу 117 милијарди денари. Значи од овие 62 милијарди, 30 милијарди денари се за покривање на трошоците за исплата на пензии. Останатите се за здравствено осигурување и за транзициски трошоци во пензиските друштва од вториот столб. Како податок што е битен за граѓаните, значи од септември месец 2024 година кога беше донесена одлуката за покачување на пензиите – два пати по 2.500 денари и од оваа година за усогласувањето да биде линеарно по 1000 денари, зголемувањето на пензиите за овие пет квартали е околу 29,86 проценти или номинално зголемување на пензиите за 6000 денари месечно. Овие се реални бројки затоа што исплатата на месечната пензија на први септември 2024 беше околу 7,2 милијарди денари, а во понеделник ќе ги исплатиме пензиите за ноември кои се 9,3 милијарди денари. За следната година во март покачувањето ќе биде за уште 1000 денари и планирано е усогласување во септември. Практично исплатата на пензиите  во месец март ќе биде околу 9,7 милијарди денари и вкупното зголемување за шест квартали ќе биде 34,72 проценти. Ова зборува дека вкупното покачување во апсолутна сума на пари е околу 30 милијарди денари. Владата преку трансферите го субвенционира ова покачување на пензиите од 30 милијарди денари или тоа е околу половина милијарда евра повеќе средства наменети за пензионерите“, нагласи Мемов.

На прашањето што треба да се направи за да се намали дупката што ја пополнува Владата во недостатокот на пари, директорот на Фондот рече:

„Кога зборуваме за финансиска стабилизација на Фондот треба да се има предвид големата слика. Пензискиот столб, односно пензискиот систем е еден од петте столбови во државата ако земеме предвид дека основни столбови за функционирање на државата се политичкиот систем, економскиот, пензискиот, здравствениот и безбедносниот систем. Еден од овие клучни столбови во државата е пензискиот, којшто опфаќа скоро две третини од населението и скоро една половина од вкупните приходи во буџетот за следната година. Стабилизацијата на фондот значи стабилизација на целиот систем во државата. Основниот параметар е отворање на нови работни места и зголемување на економскиот раст. Исто така ние како менаџмент на Фондот за пензиско даваме мерки и предлози до Министерството и до Владата како и на кој начин да се обезбедат пасивни извори на финансирање на Фондот. Ова значи дека пензиските друштва во вториот столб имаат можност да ги инвестираат акумулираните средства на сите осигуреници коишто во моментот се на ниво околу три милијарди евра. Осигурениците, преку 650.000 во Македонија на своите лични сметки во пензиските друштва имаат околу 3 милијарди евра и пензиските друштва се тие коишто имаат можност да инвестираат на домашната берза, на странски берзи, преку државни обврзници за да можат да ги оплодуваат овие средства“.

Во однос на зголемувањето на старосната граница за одење во пензија Мемов нагласи дека се тоа стандардни барања коишто доаѓаат континуирано од Светска банка, од ММФ, а тие како ПИОМ немаат дадено таков предлог до Владата.

„Владата се изјасни по основ на ова прашање и по основ на предлогот од фискалниот совет минатата година дека не го прифаќа тој модел на покачување на старосната граница и зголемување на стапката на придонес за 0,6% во наредните неколку години. И тие мерки не се составен дел од фискалната стратегија на Владата 2025-2029 година“, рече директорт на ПИОМ.

Во однос на прашањето дали има злоупотреба на правото на пензија, Мемов одговори дека во минатото тоа било многу актуелно, посебно со инвалидските пензии и имало и судски процеси и судски завршници. Тој нагласи дека  во изминатата година откако е на чело на институцијата се зајакнати  капацитетите на комисиите за инвалидски пензии и дополнително се ангажирани  пет доктори специјалисти, по договор на дело коишто ги работат овие предмети со што нема застој и се решаваат тековно. Мемов додаде дека во овој период немаат детектирани никакви жалби, поплаки по основ на вакви девијантни појави.

Запрашан што ќе значи за Фондот можноста пензионерите да се ангажираат работно од Нова година, директорт на ПИОМ, Мемов рече:

„Ова е исто така интересен предлог којшто ние веќе го поминавме и го дадовме до Министерството за социјална политика, како мерка ја усвоивме и на Управниот одбор. Веќе тие предлози се дадени во Министерството. Има повеќе краткорочни, среднорочни мерки, тие се околу 14-15. Мерката за дополнителна работа на пензионерите претежно ние ја разбираме како мерка во приватниот сектор. Работодавците се подготвени да ги ангажираат стручните лица коишто се дефицитарен кадар во областа и да плаќаат придонеси за нив. Меѓутоа, едновремено пензионерите ќе си го остварат правото на пензија, такви се размислувањата – да си го остварат правото на пензија и нивниот работен ангажман да нема реперкусии врз висината на пензијата што веќе ја оствариле согласно Законот за пензиско“.

Мемов беше запрашан за ставот на партијата ЗНАМ, чиј портпарол е, за реконструкцијата на Владата, која е актуелна и дали ќе бидат сменети некои од нивните министри – во Министерството за правда или во Министерството за јавна администрација, за што одговори:

„Апсолутно ние сме задоволни од работата на нашите министри за јавна администрација и министерот за правда. Исто така, ЗНАМ во Владата партиципира со двајца заменици министри – тоа се во Министерството за енергетика и во Министерството за дигитална трансформација. Застапени сме исто така со двајца државни секретари во Министерството за земјоделие и во Министерството за внатрешни работи. Апсолутно немаме никакви никаква забелешка на работата на сите наши јавни функционери. Оттаму не очекуваме никакви промени на позициите што ги има ЗНАМ во Владата“, рече директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов во неделното интервју за Радио Слободна Европа.