• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
Постави прашање

    Често поставувани прашања

    Согласно член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (Сл. весник на РМ бр. 70/2006 година), осигуреникот (маж) кој на 1. 09. 2000 год. имал најмалку навршен пензиски стаж од 33 години, правото на старосна пензија можеше да го оствари и со наполнување на 40 години пензиски стаж без оглед на возраста најдоцна до 1.09.2007 година. Со оглед дека ова право не сте го искористиле до овој датум, правото на старосна пензија ќе го остварите под условите предвидени во членот 17 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување , со наполнување на 64 години живот, доколку немате навршен стаж кој се смета со зголемено траење за остварување право на старосна пензија со намалување на старосната граница согласно член 18 од овој Закон.

    Повеќе

    Право на намалување на старосната граница постои без разлика каде во моментот работи лицето и дали во моментот има бенефициран стаж. Тоа право го остварува врз основа на годините поминати на работното место на кое стажот на осигурување се смета со зголемено траење. Тоа право го остварува под услов за тој период да се платени дополнителните придонеси за стаж на осигурување што се смета со зголемено траење и да ги исполнува условите од член 18 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

    Повеќе

    Согласно член 79 од Законот, семејната пензија се определува од старосната или инвалидската пензија што на осигуреникот би му припаѓала во часот на смртта, односно од пензијата што на корисникот на пензијата му припаѓала во часот на смртта. Доколку се работи за веќе остварена пензија на корисник, пензијата што е остварена се валоризира на денот на смртта на корисникот и од неа се определува 70% доколку се работи за еден член од семејството и за секој нареден член уште по 10%, но не повеќе од 100% од одновата. Значи како основа служи пензијата која би му припаѓала или му припаѓала во часот на смртта на покојниот осигуреник, односно корисник на пензија.

    Повеќе

    Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во ИНЕКС ДРИМ АД – Струга поседува 11.650 приоритетни акции без ограничувања со номинална вредност од 100 ДЕМ за една акција, односно во износ од 595.655 ЕУР или 11,30% од основната главнина на друштвото. Согласно правилата за продажба на акциите и уделите што ги поседува Фондот, Одлука за продажба на акциите како и за условите за продажба донесува Управниот одбор на Фондот на предлог на Комисијата за акции и удели. Акциите се продаваат на јавна берзанска аукција при што почетната продажна цена не може да биде пониска од 50% од номиналната вредност, а плаќањето се врши исклучиво во ефективни средства (готовинско плаќање). Сите заинтересирани за купување на акции од Фондот можат по писмен пат да го искажат својот интерес.

    Повеќе

    Пензионерот иако е неподвижен, потребно е да отвори трансакциска сметка во банка. Банките имаат своја служба која доаѓа дома по информирањето од страна на странката дека е инвалидно лице, се склучува договор за трансакциска сметка и можност пензијата да се доставува до домот на живеење како што беше и претходно. Пензионерот може да овласти и свој полномошник при потпишување на договорот со банката кој ќе ја подига пензијата од банка во негово име.

    Повеќе

    Според член 17 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, осигуреник-жена стекнува право на пензија кога ќе наполни 62 години живот и најмалку 15 години стаж.

    Повеќе

    Согласно прописите, пријавување, односно регистрација на нов обврзник се врши преку Централниот Регистар на Македонија. Обврзникот, исто така, се регистрира и во Фондот на ПИОМ, каде што се приложува решението за регистрација од Централниот регистар. Соодветната пријава М/11 со која се врши регистрацијата, се спроведува во подрачните единици на Фондот на ПИОМ.

    Повеќе

    Потребно е лично да дојдете во Подрачната единица на Фондот на ПИОМ, каде со документ за идентификација (лична карта или пасош), на шалтер веднаш ќе Ви биде издадена листа со целиот уплатен стаж.

    Повеќе

    Членовите од Законот за измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (Сл.весник на РМ бр.153/07) кои се однесуваат на професионалната рехабилитација, се применуваат од 1.1.2008 година. Со членот 13 од Законот за измени и дополнувања на Законот за ПИО, регулирано е дека право на професионална рехабилитација има осигуреникот кај кој ќе настане инвалидност пред навршени 50 години живот, ако според преостанатата работна способност може да се оспособи за работа со полно работно време. Инвалид на трудот кој стекнал професионална рехабилитација се оспособува за вршење на друга соодветна работа за која е потребна стручна подготовка која одговара на работите што ги вршел на својата работа пред настанување на инвалидноста. Според членот 17 од Законот за измени и дополнувања на Законот за ПИО, инвалид на трудот кој стекнал право на професионална рехабилитација има од денот на настанување на инвалидноста до денот на почетокот на професионалната рехабилитација, за време на професионалната рехабилитација и од денот на завршетокот на професионалната рехабилитација до вработување на соодветното работно место, право на надоместок на плата во висина на инвалидската пензија во случај на професионална неспособност за работа.

    Повеќе

    За терминот за одржување на обуките ќе бидат известени сите заинтересирани обврзници кои ќе се пријават во подрачните единици на Фондот на ПИОМ, a и оние кои нема да се пријават ќе бидат известени преку јавните гласила. Се планира обуките да бидат бесплатни или евентуално со симболична котизација, што сеуште не е дефинирано.

    Повеќе