• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Комисија за ОРС

Комисијата за оцена на работната способност, работи во рамките на Фондот на ПИОМ.

Истата може да работи во повеќе состави, а во моментот работат само 3 комисии составени од по двајца лекари-специјалисти.

Комисијата донесува наод, оцена и мислење за постоење на инвалидност за остварување права од инвалидско осигурување (инвалидска пензија, телесно оштетување, упатување на професионална рехабилитација, скратено работно време и распоредување на друга соодветна работа) и постоење на неспособност за работа на член на семејството за остварување право на семејна пензија, а исто така одлучува и за остварување на правата по меѓународни договори.

Комисијата донесува наод, оцена и мислење врз основа на медицинска, работна и друга документација приложена кон барањето за остварување право од пензиското и инвалидското осигурување, како и врз основа на непосреден преглед.

Комисиите работат согласно одредбите од Правилникот за организација, состав и работа на Комисијата за оцена на работната способност.

Внатрешната организација, распределбата на работата и други прашања за организацијата на работата на Комисијата, поблиску се уредуваат со Одлуката за организација на работата и систематизација на работните места во Стручната служба на Фондот на ПИОМ.