• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Меѓународни договори

Република Северна Македонија, со цел да ги заштити своите граѓани во странство, со другите држави склучила меѓународни договори за социјално осигурување. Со нивната примена, граѓаните на Република Северна Македонија кои се вработени или престојуваат во странство, како и членовите на нивните семејства, ги остваруваат своите права по основ на работата, односно осигурувањето во странство, а со тоа и на одредени облици на социјална сигурност (пензиско и здравствено осигурување и сл.).

За спроведување на постапката за примена на меѓународните договори за социјално осигурување во Република Северна Македонија, надлежно е Одделението за спроведување на одредбите на Европската унија и меѓународните договори за социјално осигурување при Стручната служба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија – Централа Скопје.

За примена на договорите за социјално осигурување кои ги склучила Република Северна Македонија со поранешните југословенски републики Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово (Договор за потврдување на периодите на осигурување) надлежни се следните овластени филијали на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија:
– Филијала во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Велес, Штип, Тетово, Гостивар, Струмица, Гевгелија, Пробиштип, Кочани, Крива Паланка, Берово, Охрид, Струга, Делчево, Кавадарци, Ресен и Кичево.

Филијалите на Стручната служба на Фондот на ПИОСМ се надлежни за примена на договорите за социјално осигурување склучени со републиките на поранешна Југославија доколку осигуреникот нема пензиски стаж во некоја од европските држави или прекуокеанските држави, Канада и Австралија.

Листа на склучени договори и конвенции за социјално осигурување

 

Договори за социјално осигурување

 

*До склучување нови договори за социјално осигурување, Република Северна Македонија ги применува конвенциите преземени од поранешна СФРЈ, и тоа со: Франција, Англија и Северна Ирска, Италија, Норвешка, Шведска и Данска.

Конвенции за социјално осигурување, кои Република Северна Македонија ги има преземено од Поранешна СФРЈ