• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Реформски процеси

РЕФОРМСКИ ИСЧЕКОР ЗА КВАЛИТЕТНА СОРАБОТКА

Согласно законската обврска во новиот реформиран повеќеслоен пензиски систем Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија доби нова и многу значајна функција, во единствена постапка да ги собира, контролира и распределува придонесите меѓу државниот и приватните пензиски фондови.

Фондот собира месечно податоци за пресметани плати и придонеси, истите ги контролира, уплатените средства за придонес ги распределува за секој осигуреник пооделно, и за тоа води соодветна евиденција. Фондот располага со податоци за секој осигуреник од почетокот на неговото вработување, престанок, должината на стажот на осигурување, за висината на неговата основица на осигурување и висината на уплатениот придонес. Покрај ова, Фондот води и евиденција за тоа дали осигуреникот е член на приватен пензиски фонд, за висината на средствата префрлени во приватните пензиски фондови каде членува осигуреникот и друго.

За остварување на таа цел, Фондот подготви и ќе достави бесплатен софтвер на секој обврзник преку кој обврзниците доставувањето на податоците ќе го вршат по електронски пат со креиран формат на фајл на Образец МППП (месечна пресметка за плата и придонес).

Новиот начин на наплата на придонес ќе обезбеди:

Економична, рационална и ефикасна постапка во наплатата на придонесите;
Квалитетни податоци на месечна основа за обврзниците и осигурениците кои се од значење не само за државниот фонд туку ќе се обезбедат и квалитетни податоци за индивидуалните сметки на осигурениците, односно членовите на приватните фондови;
Рационализација и унапредување во начинот на доставувањето на податоците за стаж и плата на вработените што ќе има влијание врз растоварување на обврзниците;
Унапредување на контролата и наплатата на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.
Воведувањето на промените во начинот на доставување на податоците како еден сегмент од новиот процес за наплата на придонесот, бара подетално прецизирање на повеќе прашања поврзани со тоа, поради што очекуваме дека Прирачникот што веќе го објавуваме, ќе биде во таа функција.