• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Организациска поставеност

Стручна служба на Фондот

За вршење на управните, финансиските, стручните, административните и другите работи за спроведување на пензиското и инвалидско осигурување, Фондот има единствена Стручна служба, со подрачни единици во општините.
Со работата на Стручата служба на Фондот, раководи директорот на Фондот.
Работата на Стручната служба на Фондот е организирана преку:

  1. Централа – за работите од спроведувањето на пензиското и инвалидско осигурување за територијата на Република Северна Македонија, со седиште во Скопје.
  2. Филијали – за работите од подрачјето на една или повеќе општини.
  3. Деловници – за дел од работите на филијалата кога е организирана на подрачјето на повеќе општини.

Централа

Стручната служба – Централа – Скопје се наоѓа на ул.„23 Октомври” бр.11, Скопје.
Работата во Централата се извршува во рамките на секторите, и тоа:

  1. СЕКТОР ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА ОД ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Ги раководи и организира работите за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување, решавањето на правата од втор степен, устројувањето на матичната евиденција, оценката на работната способност и ревизија на бенефицираниот стаж.

Директор на Сектор: Билјана Стојанова

Телефон: 3250-405

Biljana.Stojanova@piom.com.mk

  1. СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА

Организира, раководи и ги усогласува финансиските, планско-аналитичките и сметководствени работи, Буџетот на Фондот, изготвување на Годишната сметка и Годишниот извештај, статистичките податоци, работата со хартии од вредност, врши увид и контрола во наплатата на придонесите, актуарското планирање и наменското користење на средствата и др.

Директор на Сектор: Мухаметали Исмани

Телефон: 3250-460

Muhametali.Ismani@piom.com.mk

  1. СЕКТОР ЗА ИНФОРМАТИКА

Врши проектирање и одржување на информацискиот систем на Фондот, развојот на постојните апликативни решенија и информациската мрежа и заштитата на податоците.

Директор на Сектор:

Телефон:

  1. СЕКТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ, ПРАВНИ И ОПШТИ РАБОТИ

Организира, раководи и ги координира работите во врска со застапувањето и правното работење на Фондот, кадровското работење и остварувањето на правата на вработените од работните односи, стопанисувањето со имотот на Фондот, организирањето на работата на органите на Фондот и информирање за нивната работа, изготвување на разни општи акти, договори и слично.

Директор на Сектор:

Телефон:

 5. СЕКТОР ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОДРЕДБИТЕ НА EВРОПСКАТА УНИЈА И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Решава барања од пензиското и инвалидско осигурување во прв степен со примена на меѓународните договори и одредбите на Европската Унија, подготвува упатства за примена на одредбите на ЕУ и меѓународните договори за социјално осигурување, дава насоки за примена на истите и соработува со странските институции за социјално осигурување.

Директор на Сектор: Ниѓар Тоска

Телефон: 3250-341

Nigjar.Toska@piom.com.mk

Документи