• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
Постави прашање

    Често поставувани прашања

    Датотеката со плати, креирана со програмот за клиентски софтвер, беше доделена на обуките што се одржаа од страна на Фондот на ПИОМ. Платата се снима на дискета, ЦД или УСБ и се доставува до подрачните единици на Фондот на ПИОМ. Исто така, постои можност податоците да се достават до Фондот преку единствена имејл адреса mppp@piom.com.mk.

    Повеќе

    Потребно е само да се инсталира кодот за идентификација, а енкрипцијата автоматски ја врти самиот програм: ги наоѓаклучевите од патеката и го енкриптира фајлот.

    Повеќе

    Софтверот за пополнување на МППП образецот можете да го симнете од следнава адреса https://www.piom.com.mk/?idPage=195 или да го подигнете во Подрачната единица на Фондот на ПИОМ каде е Вашето седиште.

    Повеќе

    Во првата фаза од развојот на процесот за наплата на придонесот, осигурениците немаат можност да вршат увид во сопствените податоци за уплатен придонес. Тоа е во план во вториот дел од развојот на системот во текот на наредната година.

    Повеќе

    Основица за пресметување и плаќање на придонес за физички лица што вршат дејност, претставува просечната нето плата по работник, утврдена на ниво на одделот за дејноста што ја врши, согласно националната класификација на дејности. Физичките лица што вршат дејност по нивно барање, придонесот можат да го плаќаат и на повисока основица од онаа што е определена во ставот 2 од член 180 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување (ЗПИО). Основиците на осигурување и пресметување на придонес се определени во член 180 од ЗПИО.

    Повеќе

    Во МППП образецот, во полето 3.7 се внесува платата што се исплатува, во полето 3.15 придонесот за исплатената плата, а во полето 3.16 пресметаниот придонес за доплата до најниска основица.

    Повеќе

    Шифрите за новите општини се објавени во Службен весник на Република Македонија бр. 42/05 година.

    Повеќе

    Сите заинтересирани лица за давање ваков вид услуги можат да се јават во подрачната единица во нивната Општина, каде ќе ги остават своите податоци кои ќе бидат истакнати , а ќе ги добијат и сите други потребни информации.

    Повеќе

    Согласно член 17 од Законот за пензискои инвалидско осигурувањеосигуреник стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот и најмалку 15 години пензиски стаж. Согласно член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување ( Сл. весник на РМ бр.50/01, осигурениците кои на денот на почетокот на примената на овој закон (01.09.2000 година) имале најмалку исполнет пензиски стаж од 35 години (маж) односно 30 години(жена), право на старосна пензија можат да остварат со исполнување на 40 години стаж за маж, односно 35 години стаж за жена, без оглед на возраста. Условите за старосна пензија се исти при остварување право на пензија без оглед по кој основ престанал работниот однос.

    Повеќе

    Фондот обезбедува бесплатен софтвер кој ќе го додели на обврзниците за време на обуките за обврзниците што треба да се одржат, а оние што нема да покажат интерес за учество на обука, можат да го подигнат од ПЕ на Фондот, или да го симнат од Веб страницата на Фондот.

    Повеќе