• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
TUV Certified

Никола Мемов, Директор на Фондот на ПИОМ: На 01- ви април исплатена е мартовската пензија

Најголемо покачување на пензиите во изминатите 20 години– од септември 2024 до март 2026 година пораст на пензиите номинално за 7000 денари, или раст за 36%.

Во 2022 година имало 335.743 пензионери, додека заклучно со февруари 2026 година, бројот се зголеми на 347.296.

За период од нецели две години, од септември 2024 до март 2026 година вкупното покачување на пензиите изнесува 7000 денари на месечно ниво, или вкупно линеарно зголемување од 36%.

Во вкупната сума на пари што се користи за исплата на пензиите зголемувањето изнесува речиси 500 милиони евра повеќе во 2026 година во споредба со 2024 година.

Како пример, во септември 2024 година кога е исплатена пензијата за август, се исплатени 7.210.341.000 денари.

За исплата на мартовската пензија 2026 година, вкупната исплата на пензиите е 9.65 милијарди денари, што е за 2.44 милијарди денари месечно повеќе во споредба со септември 2024 година.

Минималната пензија за периодот 2024-2026 година е зголемена за 61.75%,

додека просечната пензија е покачена за околу 40%.

Ова претставува најголемо покачување на пензиите во последните 20 години, кое е резултат на политиките насочени кон подобрување на животниот стандард на пензионерите.

Со ваквите мерки се покажува јасна грижа за највозрасните граѓани, а пензионерите стануваат еден од главните приоритети во социјалната политика.

Со континуираното зголемување на пензиите, оваа Влада испраќа порака дека стабилноста и грижата за пензионерите се темел на општествената одговорност и дека подобрувањето на нивниот стандард е клучен политички ефект за донесените економски и социјални одлуки.