• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Делегација од Австралија во Република Македонија

И двете делегации задоволни од текот на разговорите и понудените решенија што ги подобруваат и двата документи: Договорот и Спогодбата

Од 29 јуни до 3 јули годинава во Скопје, престојуваше делегација од Австралија.На разговорите од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, учествуваа: Ирена Ристеска, шеф на делегацијата, инаку раководител на Секторот за пензиско и инвалидско осигурување и Лидија Брадиќ, советник. Од Канцеларијата на Претседателот на Владата беше Ирена Брзанова, раководител на сектор, додека од Министерството за надворешни работи во работата меѓу двете делегации учествуваше Цветко Софковски, советник во Министерството за надворешни работи. На средбата, од Фондот на ПИОМ присуствуваа: Милица Симоноска, контролор, Ниѓар Тоска, советник, Маргарита Трајкова, контролор и Катерина Павловска, преведувач.

На средбата меѓу македонската и австралиската делегација се одржаа преговори за склучување на Договор за социјално осигурување. Притоа, двете делегации го разгледаа нацрт текстот на Договорот изготвен и предложен од австралиската делегација.Во текот на преговорите, двете делегации искажаа забелешки и мислења по предложените одредби на Договорот, но и постигнаа консензус по однос на одредбите во документот од интерес за двете страни.

Она што треба посебно да се истакне е што на преговорот се усогласи и утврди текстот на Административната спогодба, предложен од австралиската делегација. Во дискусијата се рече дека двата документа (Договорот и Спогодбата) беа добра основа за водење на преговорите и постигнување на заедничко решение.Исто така, македонската и австралиската делегација меѓусебно се информираа за постапката за потпишување и ратификување на билатерални договори, како и детално се разговараше за имплементација на Договорот.

За одбележување е дека во текот на преговорите австралиската делегација достави нацрт-обрасци кои двете делегации ќе ги усогласуваат по електронски пат во наредниот период, сè до нивна конечна верзија и прифаќање.И овој пат, исто така, треба да се истакне дека преговорите минаа во срдечна атмосфера, а двете делегации искажаа задоволство од заедничката соработка постигната во текот на дискусиите