Работни групи на Фондот на ПИОМ и на институциите за задолжително австриско пензиско осигурување од Австрија и тоа – Институција за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и Рударска индустрија (BVAEB), ја одржаа втората работна средба за подготовка и усогласување на Договорот за редовна размена на давања и податоци за смртност.
На состанокот се разговараше и се усогласуваа начините на размената на податоците и правната рамка, како и техничките детали за идната електронска размена на податоците.
Двете страни очекуваат Договорот да овозможи поефикасна размена на податоците, со што ќе се забрза процесот на остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување за граѓаните на Македонија и на Австрија.
Подготовката и потпишувањето на Договорот се дел од активностите на Фондот на ПИОМ за унапредување на соработката со странските фондови и институции, во насока на зголемување на ефикасноста во остварувањето на правата од пензиско и инвалидско осигурување преку електронската размена на податоци.
Договорот за редовна размена на давања и податоци за смртност би требало да биде потпишан на средбата на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија којашто ќе се одржи во Марибор, Република Словенија во јуни оваа година.