• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ФОНДОТ НА ПИОСМ ЌЕ ОТПОЧНЕ СО ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ОД ДРЖАВНИОТ АРХИВ ЗА ЛИКВИДИРАНИТЕ ФИРМИ

За побрзо и поедноставно регулирање на податоците за стаж на осигурување и плати, како и други податоци што се содржани во пријавата М4, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија од Државниот архив ќе отпочне со преземање на документацијата за обврзниците кои повеќе не постојат, поради ликвидација или стечај. На тој начин ќе се намалат обврските и трошоците на граѓаните на кои сега се изложени.

На денешниот состанок директорката на Фондот на ПИОСМ Билјана Јовановска и в.д. директорот на Државниот архив Емил Крстески се договорија во најскоро време да се склучи Меморандум за соработка.

Контролата на Фондот ќе се спроведува согласно Законот за евиденција од областа на трудот во која се содржани податоци за исплатени плати, надоместоци од плати, други основици на осигурување, часови поминати на работа и степен на зголемување на стажот врз основа на уверенијата за бенефициран  стаж – документација (записници) за уплата на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување