Денеска во Фондот на ПИОМ директорот на Фондот, Никола Мемов, одржа состанок со раководителите на филијалите и деловниците на Фондот.
Директорот Мемов рече дека оваа пракса на средби со раководителите ќе продолжи за да може проблемите кои се јавуваат да се решаваат брзо и ефикасно, за да нема застои и проблеми во работата на Фондот.
На состанокот раководителите на филијалите и деловниците ги изнесоа потребите за кадровско екипирање. Беше речено дека, по активностите што ги презеде раководството изминатата година, ситуацијата со недостигот на кадри во некои филијали и деловници е подобрена и процесот на работа тече непречено. Исто така, беше нагласено дека има потреба од нови вработувања, како за пополнување на празните работни места, но и поради фактот што годинава во некои филијали и деловници во пензија заминуваат по неколку вработени.
Директорот Мемов нагласи дека, како и минатата година, ќе се направат сите потребни активности за екипирање на филијалите и деловниците.
„Нашата цел е да имаме ефикасен Фонд и задоволни корисници и за тоа работиме постојано“, рече Мемов.
Тој додаде дека покрај вработувања на нови лица и за оваа година е предвидено дел од вработените да бидат унапредени. Ова, како што нагласи тој, е во насока на остварувањето на политиката на раководството, вработените кои ги извршуваат своите задачи професионално и ажурно, да бидат наградени за тоа.
На состанокот, исто така, се разговараше и за условите за работа во филијалите и деловниците. Беше посочено дека во неколку филијали има проблеми од различен тип, како што се електричната инсталација, кровот, прозорците, како и дотраеноста на тоалетите. Во најголем дел овие проблеми се јавуваат поради старост на објектите во кои се сместени филијалите и деловниците и фактот што повеќе од триесет години не е вршена никаква реконструкција.
Директорот Мемов нагласи дека минатата година се реконструирани филијалите во Кочани и Крива Паланка и во тек е реконструкцијата на Филијалата во Гевгелија, а се реновираат и домовите за пензионери во Аеродром и во Гевгелија.
„Овој состанок има за цел да ги видиме приоритетите и со средствата што ги имаме за тековно одржување годинава да направиме најмногу што може за да ги подобриме условите за работа“, рече директорот Мемов.