• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Од акцискиот план: Унапредување на работата во постапката на решавање во прв степен

Основна цел во постапката на донесувањето на решенија во прв степен е благовремено зачувување на роковите утврдени со закон.

Во 2009 година, Филијалата Скопје, како најголема подрачна единица од која зависи и успешноста на работата на Фондот во целина, ќе ги преземе следните дејствија, и тоа:

  1.  Сите привремено донесени решенија за пензија да се заменат со конечни решенија, по донесување на валоризационите коефициенти на ниво на 2008 година, додека по повторните барања да се донесат решенија кои чекаат заради усогласување на пензиите остварени до 31.12.2008 година. Остварувањето на оваа задача ќе дојде веднаш по подготвувањето на апликација во Центрлата – Секторот за автоматска обработка на податоци.
  2. Подготвување на поквалитетни решенија, особено кога тие се донесуваат рачно и давање предлози за усовршување и на автоматските решенија. Оваа работна обврска ќе се реализира во текот на годината.
  3. Максимално користење на правото за уважување жалба против првостепеното решение на Филијалата Скопје, зголемувајќи го нејзиниот углед со цел поефикасно остварување на правата од ПИО.
  4. Континуирана соработка со Одделението за матична евиденција за доследно утврдување на податоци согласно законската регулатива и дадените упатства и појаснувања (да се изостават изјави од странките со барање да се донесе решение за пензија, а потоа да се утврдува стажот што може да ја оштети или привилегира странката)
  5. За решавањето по билатерални договори за социјално осигурување, подготвена е Информација за проблемите кои произлегуваат во спроведувањето на истите со некои поранешни југословенски републики. Во овој дел на постапката, поажурно ќе се донесуваат решенија за самостојна пензија, а признавањето на сразмерниот дел на пензија зависи од странскиот носител на осигурувањето во однос на благовременото потврдување на странскиот стаж.
    И во 2009 година може повторно, преку медиумите да се актуелизира повикувањето на странките кои се неколку години пред пензија за да си го утврдат странскиот стаж. Информацијата ќе биде достапна и на Веб-страницата на Фондот.
    Исто така, оваа година се планира уште поголема комуникација со странските носители на социјално осигурување за кои решава Филијалата-Скопје, користејќи електронска комуникација.
    Во насока на следење и едукација, оваа Филијала предлага во 2009 година кога ќе се одржуваат разговори на ниво на органи за врска, да учествуваат и нејзини претставници, на кои им се познати сите практични проблеми во примена на договорите.
  6. Во 2009 година ќе продолжи активната соработка на Одделението за решавање со делот на архивското работење кое е многу значајно. Да потсетиме, и минатата и во почетокот на оваа година, преземени се низа активности за унапредување на работата.
  7. Во однос на инвалидското осигурување, а врз основа на согледувањата во пракса, ќе бидат доставени посебни известувања, барања или информации за унапредување на истото во делот на комплетирањето на предметите, а особено во постапка на донесување наод, оценка и мислење од страна на Комисијата за оцена на работната способност.
  8. За унапредување на работата, потребно е на Филијалата да и се достават бараните закони со коментари, за кои се доставени писмени дописи.
  9. Се предлага од Централата, да се подготват флаери кои ќе бидат достапни на осигурениците и пензионерите. Тоа многу ќе помогне и во комплетирањето на предметите, особено инвалидските.

Скопје, март, 2009 година