• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ФОНДОТ НА ПИОСМ И МЕЃУНАРОДНОТО ПОЛИЦИСКО ЗДРУЖЕНИЕ – ОДДЕЛ МАКЕДОНИЈА

IMG_20221219_110304Денес, 19 декември 2022 година, во Фондот на ПИОСМ, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Меѓународно полициско здружение – Оддел Македонија.

На потпишувањето на Меморандумот, од Фондот на ПИОСМ присуствуваа, в.д. директорот Дритан Беџети, заменик директорот Шаип Зенељи и директорот на Секторот за финансиски прашања, Фатиме Неџипи, а од Меѓународното полициско здружение – Оддел Македонија, Робертино Ацески, претседател на УО на ИПА МКД, Игно Стојков, претседател на ИПА Региони и Орце Јовановски, генерален секретар на ИПА Скопје.

Меморандумот беше потпишан од страна на Дритан Беџети, в.д. директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Робертино Ацески, претседател на УО на ИПА МКД.

Предмет на овој меморандум е воспоставување на соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија/давател и Меѓународното полициско здружение – Оддел Македонија/корисник на услугите.

Со овој меморандум, Фондот како давател на услуги ќе врши задршка од пензијата на членови на ИПА Македонија на име членарина во здружението и истата ќе ја уплаќа на сметка на корисникот на услугата.

Фондот на ПИОСМ се обврзува дека ќе обезбеди доверливост на добиените податоци, односно ќе обезбеди систем на заштита на податоците од неовластено користење и злоупотреба.

Страните потписнички ќе го применуваат овој меморандум во духот на меѓусебно разбирање и соработка и взаемно ќе се информираат за сите состојби кои можат да ја доведат во прашање целосната и навремена примена на меморандумот.

Страните потписнички се согласни да ги применуваат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализацијата на овој меморандум.