• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Презентација на дел од функциите

2_540825415Фондот на ПИОМ во соработка со фирмите Интервеј и Неоком го подготвува проектот – изработка на софтвер за рашавање на права и исплата на пензии.

Проектот е финансиран од Светска банка и претставува процес кој ќе се применува во работењето на Фондот. Креирањето на овој проект претставува многу обемна работа, а учесниците во проектот треба да вложат многу труд и знаење за да може истиот да се имплементира до 30 јуни 2010 год.Точните и прецизни барања на потребите на Фондот на ПИОМ се услов за изработка на подобар софтвер, од досегашниот, којшто наменски ќе биде прилагоден за тековното работење. Иако со поделени задачи и обврски, интезивната соработка помеѓу креаторите на проектот веќе ги дава првичните резултати.

Со цел да го презентираат досега сработеното и начинот на функционирањето на софтверот, фирмите Интервеј и Неоком на 24 февруари 2010 год.,во новата сала за состаноци на Фондот на ПИОМ одржаа презентација. Пред Менаџментот на Фондот и вработените кои дирекно се поврзани со овој деловен процес, Бруно Леов од Интервеј и Ана Цветковска од Неоком ги презентираа модулите за решавање на пензии, за исплата на пензии, за решавање на инвалидски пензии и системот за матична евиденција и архива – исплата.

Овој проект претставува деловен процес на Фондот, кој ја определува физономијата на иднината на Фондот, истакна Боро Варошлија по завршувањето на практичниот дел од презентацијата. Но, тој, исто така, праша дали во иднина предметите ќе бидат електронски или ќе има и во хартиена форма, каква ќе биде комуникацијата помеѓу филијалите на Фондот, и кои се проблемите со кои сега се среќаваат при изработка на проектот?

Оттука, бројните прашања кои беа упатени кон презентерите значеа дека презентацијата предизвика голем интерес кај вработените. Едноставно, секој се трудеше да добие подобра претстава за работата на софтверот во рамките на својата работна единица. Сепак, може да се издвојат неколку битни сегменти од прикажаното. Имено, секој корисник-службеник се најавува со посебен јузер (лозинка) и ќе има посебни привелегии во рамките на својот домен на работење. Снимените податоци за осигуреникот без разлика на промените кои можат да се случат остануваат хронолошки сочувани и ќе послужат како доказ. Исто така, системот дава информација и за драстичните разлики, доколку се појават, во исплатата на придонесите и т.н.

На почеток од воведувањето на овој софтвер ќе се работи со нови предмети, а тековно ќе се работи на скенирање и внесување на старите предмети. Миграцијата на податоци треба да заврши до 1 јуни 2010 год., а потоа следува пробен период на работа со софтверот за да се тестира неговата практична примена. Тоа ќе овозможи истиот доколку е потребно да се менува и усовршува, а воедно ќе се организира и обука за вработените.