• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

РАБОТНА СРЕДБА НА ФПИОСМ И ФЗОРСМ

Денес, во Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, в.д. директорот на Фондот на ПИОСМ Арсим Хасани, присуствуваше на работна средба со директорите на ФЗО, Магдалена Филиповска Грашловска и Асаф Абдурамани.

На состанокот се дискутираше за решавање на проблемите со одредените подрачни единици каде што двете институции користат заеднички објекти.

Користењето на заедничките простории во неколку подрачни единици низ Државата, го отежнува функционирањето на институциите, особено во делот на инвестирањето и подобрувањето на условите за вработените, како и во олеснувањето на пристапот на корисниците на нашите услуги.

Фондот на ПИОСМ и Фондот за ЗОРСМ, се договорија да се формира работна група со претставници од двете институции кои во наредниот период ќе вршат анализи на терен, за одблиску да ги увидат проблемите со кои се соочуваат и да се најде соодветно решение за надминување на потешкотиите во секојневното работење.