• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР: ФОНДОТ НА ПИОСМ БЕЛЕЖИ ПОЗИТИВНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ

Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ на последната седница одржана на 28 октомври 2021г. ја усвои Информацијата за финансиската состојба на Фондот за периодот јануари – септември 2021 година. Во овој период Фондот бележи позитивни резултати и е остварен вишок на приходи над расходи во износ од 304,96 милиони денари. Вкупните приходи се во износ од 60.114,30 милиони денари и во споредба со истиот период од минатата година се повисоки за 2.170,27 милиони денари, или за 3,75%, како и вкупни расходи во износ од 59.809,35 милиони денари.11111111

Управниот одбор изрази задоволство од позитивниот тренд и пораст на изворните приходи, кои се повисоки од планираните за оваа година. Истовремено реализацијата на расходите е во рамките на предвидувањата, што укажува на многу прецизно планирање и реализација на расходите од страна на Фондот на ПИОСМ.

2222222Членовите на Управниот одбор усвоија и Правилник за техничките и организациските мерки за безбедност и заштита на обработката на личните податоци. Со овој правилник се уредуваат правилата и стандардите кои ги применува Фондот на ПИОСМ и истиот се применува на сите збирки на лични податоци кои Фондот ги собира, чува и обработува, со цел да обезбеди заштита на личните податоци за обврзниците, осигурениците и корисниците на права од ПИО, за кои Фондот води евиденција.

Управниот одбор го усвои и Правилник за начинот и постапката на извршување на функциите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за потребите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

333333

На седницата на Управниот одбор присуствуваа: Боро Варошлија, претседател и Љупчо Фармакоски, Божин Петрески, Ристо Франгов, Татјана Настеска и Марјан Кицев, членови на УО, како и Билјана Јовановска, директор на Фондот на ПИОСМ и стручните служби на Фондот.