• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

СВЕТСКИ ФОРУМ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

IMG-d730dda7ff51f4222ca7a09aaf1cef4e-VОд 14-ти до 18-ти октомври 2019 година, во Брисел, Белгија, се одржува Светскиот Форум за социјално осигурување, како најголем и најважен меѓународен настан за социјално осигурување, чии домаќини се институциите за јавно социјално осигурување на Белгија.

На Форумот учествуваат повеќе од 1000 учесници од над 150 држави, вклучувајќи министри, администратори, раководни лица и менаџери во администрацијата за социјално осигурување. Истиот, овозможува неспоредливо ексклузивно вмрежување, знаење и инспирација за ISSA- членовите на организациите.

Од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување  на  Северна  Македонија, учествуваат Директорот на Фондот Шаип Зенељи и  Муарем Асани, Шеф на Кабинетот на директорот. Од страна на директорот беа презентирани најновите реформи во нашиот пензиски систем.

За време на Форумот, ISSA (Меѓународна асоцијација за социјално осигурување) ќе додели награда за извонредни достигнувања во областа на социјалното осигурување и ќе промовира најнови професионални насоки за администрацијата во врска со социјалното осигурување и ќе презентира нов развој во ISSA -Центарот за извонредност.

На 33-тото Генерално собрание и 38-мата Седница на ISSA- Советот, исто така, ќе се организира избор на претседател и благајник на ISSA и членови на Бирото и Комисијата за контрола.​