• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

УСПЕХ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА

На 26.12.2019 година, во поинаква атмосфера, Менаџментот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија заедно со раководителите на сите филијали и деловници на Фондот, се собираа да ја прослават Новата 2020 година.

IMG-28d509290c7e917dbef1538de20e3160-VДиректорот на Фондот, г-дин Шаип Зенељи, им се заблагодари на неговите соработници за дадениот труд во секојдневното работење во тековната 2019 година, со тоа што секој поединечно придонесол за успешноста на функционирањето на институцијата.

Воедно, на вработените им посака здравје, радост и бериќетна година, истакнувајќи дека оваа година беше напорна година за сите, но дека новата година ќе биде подобра.

Годината што помина ќе ја паметиме по реформите во пензискиот систем, кои долго ги очекувавме и со кои се надеваме дека ќе се промени на многу подобро целосната состојба во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, потоа за зголемувањето на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување, покачувањето на пензиите и донесувањето на новата Систематизација, која придонесе за зголемување на платите на вработените во Фондот.

За успехот на Фондот, ќе се потрудиме сите заедно да бидеме уште поисполнителни и да послужиме за пример на сите граѓани – корисници на нашите услуги, додаде директорот на Фондот на ПИОСМ.