• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
TUV Certified

„Импресионирана сум од работата и резулататите на Фондот – рече шефот на Мисијата на Светска банка, Мануела Софија Станулеску на средбата со директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов

Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов  имаше средба со Мисијата на Светска банка за имплементација на СИАП проектот, предводена од госпоѓа Мануела Софија Станкулеску.

Директорот на Фондот, Мемов ги извести членовите на Мисијата дека Одделението за долгорочно планирање е пополнето со кадар, како што беше договорено на претходните средби со Мисијата. Тој рече дека од ноември минатата година  работата е започната и е отпочнато со првичните обуки.  Досега, како што информира тој, е разгледан и совладан моделот на планирање на Светска банка.

„Во наредните месеци треба да се подготви потребната програма и да се спроведат обуките со Ваша помош. Очекувам во наредниот период вработените во ова Одделение да  одат во подлабоки анализи и предвидувања. Со тоа ќе имаме подобро и поточно планирање на финансиите во Фондот и нивно успешно менаџирање“, рече Мемов.

Шефот на Мисијата, Мануела Софија Станкулеску рече дека е многу задоволна од работата на менаџментот на Фондот и резултатите што се остваруваат во овој кус период на соработка на Мисијата со ова раководство.

„Импресионирана сум од резултатите и можам само да го пофалам Фондот за оствареното. Се надевам дека ќе продолжите со ова темпо и ќе имаме добри заеднички резултати до јуни годинава, кога треба да се затвори Проектот СИАП“, рече Станкулеску.

Таа исто така информира дека Светска банка е во период на реформи, поради што сите проекти треба да бидат затворени, не само во Македонија, туку и во другите држави низ светот.

На состанокот стана збор и за дигитализацијата на архивата на Фондот, како и за  Законот за М4, како дел од Проектот СИАП.

Во делот на дигитализацијата на архивата беше речено дека е избрана фирмата која ќе го прави скенирањето на документите.

Директорот на Фондот, Мемов нагласи дека е неопходно да се направи и софтвер со кој овој процес ќе биде заокружен и граѓата ќе може непречено да се користи во работата на Фондот.

Во однос на Законот за М4, шефот на Мисијата, Станкулеску нагласи дка очекуваат до завршувањето на проектот во јуни годинава, да биде усвоен во Собранието.