• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

13-ТА СРЕДБА НА ДИРЕКТОРИ

Во периодот од 20-22 септември оваа година, во Бечиќи, Република Црна Гора, се одржа 13-та средба на директорите на фондовите/заводите за пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ.

На средбата, од Фондот на ПИОСМ присуствуваа в.д. директорот Арсим Хасани, директорот на Секторот за остварување на права од ПИО Билјана Стојанова и директорот на Секторот за финансиски прашања Мухаметали Исмани.

Откако директорот Арсим Хасани ги поздрави присутните на средбата, истакна дека одржувањето на ваквите традиционални средби е од особена важност за унапредување на меѓусебната соработка на фондовите. Директорот ги запозна присутните со неговите заложби на полето на комуникацијата, поголемата отвореност и пристапност на услугите кон граѓаните, унапредувањето на процесите во Фондот на ПИОСМ, дигитализацијата на услугите, зајакнувањето на безбедноста на информатичкиот систем како, и меѓународната соработка со фондовите на поранешните југословенски републики.

Од страна на директорите на секторите, беа презентирани најновите измени во законската регулатива настанати од последната средба, историја и реформите во пензискиот систем со посебен осврт на условите за старосна пензија, како и наплатата на побарувањата од оштетните барања настанати од постапката за препензионирање на пензиите.

На средбата беа донесени голем број заклучоци за кооперативна соработка и развој на пензискиот систем меѓу државите – учеснички и беше договорена повторна средба идната година.