Управниот одбор на ПИОМ ја одржа својата 23 седница. Во почетокот на седницата, претседателката на Одборот, Јасмина Вукиќевиќ му даде збор на директорот на Фондот за да ги информира членовите на Одборот за аткивностите што се преземени во периодот од претходната седница до сега.
Директорот на Фондот, Никола Мемов рече дека покрај редовните активности во изминатиот период се птопишани два меморандума за соработка, едниот со „Промедика Офталмологија“, „Систина Офталмологија“ и Сојузот на здруженијата на пензионерите, со кој пензионерите се здобиваат со одредени поволности во заштитата на нивното здравје. Вториот меморандум е потпишан со Комората на извршителите и Министерството за правда и со него, како што нагласи тој, ќе се придонесе во зголемувањето на ефикасноста во работата на Фондот, бидејќи досега институцијата трошела ресурси и луѓе за спроведувањето на налозите од извршителите.
Мемов ги информира членовите на Управниот одбор и дека во рамките на проектот СИАП, кој се реализира преку Светска банка се обезбедени средства во висина од речиси еден милион долари за почеток на процесот на дигитализација на архивата на Фондот.
Претседателктата на Управниот одбор, Јасмина Вукичевиќ ги поздрави преземените активности кои позитивно ќе влијаат врз пензионерите и нивните животи.
„Особено ме радува фактот што архивата на Фондот ќе биде дигитализирана во наредниот период, со што ќе се обезебди базата на податоци и истата ќе биде заштитена, а ќе се модернизира и работата на Фондот во овој сегмент“, рече Вукиќевиќ.
Членот на Управниот одбор, Станка Трајкова, нагласи дека Меморандумот потпишан со „Промедика Офталмологија“, „Систина Офталмологија“ ќе овозможи пензионерите од целата држава да остварат погодности во прегледи, третмани и оперативни зафати, бидејќи досега имало соработка, но само за пензионерите од одредени градови.
„Оваа активност на Фондот, рече таа, – покажува дека Фондот се грижи за пензионерите и таа грижа не завршува со издавањето на решението за пензија“.
Управниот одбор разгледа повеќе информации од информативен карактер за состојбите во Фондот во 2024 година и 2025 година, меѓу кои информации за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот станбен простор во домовите за живеење на корисниците на пензија во 2024 година и шест месеци од 2025 година, информации за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за дневен престој на корисниците на пензија во 2024 и шест месеци од 2025 година, потоа Информација за вкупниот капитал кој Фондот го стекнал по основ на трансформација на претпријатијата со општествен капитал, како и Информација за состојбата на имот од стечајни постапки во кој е вклучен Фондот.
Членовите на Управниот одбор го разгледаа и Извештајот за степенот на реализација на активностите во I, II и III тримесечје од Програмата и планот за работа на Управниот одбор на Фондот за 2025 година, при што беше констатирано дека реализацијата тече согласно предвиденото.