• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Целосно ќе се остварат нашите дејности

UPRAVEN_ODBOR__17.11.2011_078____823759726Досегашниот директор Исни Јакупи со одбрани зборови им се заблагодари на членовите на Управниот одбор и на Менаџерскиот тим за соработката и за постигнатите работни резултати.

На 17 ноември 2011 година, се одржа 98-та седница на нашиот Управен одбор на која се разгледаа и усвоија 4 информации и се донесоа исто толку одлуки.

За Информацијата за финансиската состојба на Фондот на пензиското иинвалидското осигурување на Македонија, за периодот јануари-октомври 2011 година, со оценки до крајот на годината детално образложение поднесе помошникот на директорот Соња Бачовска, која истакна дека до крајот на годината се оценува дека Фондот ќе оствари вкупни приходи во износ од 43.743,32 милиони денари. Расходите до крајот на годината се оценува дека ќе изнесуваат 44.292,61 милиони денари, така што заедно со невратената позајмица од 840,00 милиони денари, вкупните расходи ќе изнесуваат 45.132,61 милиони денари или недостиг на средства во висина од околу 1.390,00 милиони денари. По искористувањето на пренесените парични средства од 2010 година (766,91 милиони денари), сепак недостигот на средства на крајот на 2011 година би изнесувал околу 623,00 милион денари.

Во врска со Информацијата за разликите на Буџетот на Фондот за 2012 година, утврден од Управниот одбор на Фондот, со Предлог-Буџетот доставен до Собранието на Република Македонија, што треба да биде донесена, повторно помошникот на директорот Соња Бачовска истакна дека од страна на Министерството за финансии, Буџетот е во најголем дел прифатен, но во определени ставки и во приходниот и во расходниот дел, извршени се измени. Така, сегашниот Предлог-Буџет за усвојување од страна на Собранието на РМ е со износ од 46.072,50 милиони денари или е намален за вкупно 962,45 милиони денари. Но, иако оваа верзија не е конечна, со Одлука или со Ребаланс целосно ќе се искорегира Буџетот, сè со цел користење на законските можности за остварување на дејностите на Фондот.
По донесување на Одлуката за именување Комисија за попис на имотот на Фондот на ПИОМ и домовите за живеење, како посебни градежни објекти и клубовите за одмор и рекреација на корисниците на пензија со кои управува Фондот со состојба на 31 декември 2011 година, УО ја усвои Информацијата во врска со примената на Правилникот за работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење. За ова образложение поднесе помошникот на директорот Трајко Премчески, кој притоа, истакна дека со Правилникот се дефинирани стандардите според кои се определуваат местата на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, а истовремено се вметнати и оние места кои претходно биле испуштени.

На седницата членовите на УО донесоа и Одлука за разрешување на директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, додека пак директорот Исни Јакупи рече дека поднесува оставка на досегашната функција, според заклучок од Владата на РМ и според свои лични причини. Истовремено, тој им се заблагодари на своите соработници според хиерархијата за прекрасната соработка за време од неполни три години колку што траеше неговото раководење, кога се остварија многу активности и се постигнаа успеси и резултати. Исто така, Јакупи истакна дека ја имал честа да соработува со прекрасни членови на Управен одбор со кои седниците поминувале успешно и пријатно. Тој му посака сè најдобро на новиот директор, со желби да го даде својот максимум, а посебно и се заблагодари на заменикот на директорот, Марија Којзеклиска.

Седницата на УО заврши со доснеувањето Одлука за именување Конкурсна комисија за спроведување на постапката за избор и именување на директор на Фондот на ПИОМ и Одлука за распишување конкурс за избор и именување на директор на нашиот Фонд.