По повод 40 години творење и 81 година живот, како и Денот на возрасните лица, Први октомври, истакнатиот уметник сликар и хуманист, Живко Поповски – Цветин на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија му отстапи на користење 15 свои дела-слики без надомест. Договорот за отстапување на сликите го потпишаа директорот на Фондот, Никола Мемов и сликарот Поповски.
На потпишувањето на договорот директорот на Фондот, Мемов рече дека му преставува особена чест што делата на овој наш и светски уметник ќе ги красат просториите на Фондот.
„Ние треба да се гордееме што во Македонија имаме уметник кој со својата благородна мисија, „Цвеќето на мирот“, го збогатува културното наследство на нашата земја и придонесува нејзиното име да се споменува, преку неговите дела насекаде во светот. Уште поголема е гордоста да ги имаме неговите дела кај нас во Фондот, кога се знае дека Живко Поповски – Цветин бил и кандидат за Нобеловата награда за мир и со својата мисија и работа ги поттикнува благородните чувства кај луѓето и покажува дека односите во светот треба да се темелат на мир, соработка и взаемно почитување“, рече Мемов.
Уметникот и миротворецот, Живко Поповски – Цветин потенцира дека му претставува големо задоволство што директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов покажал интерес за неговите дела и изразил желба истите да бидат изложени во просториите на Фондот.
„Убавината на творењето е во тоа што може да ги оплемени луѓето и да придонесе тие да го гледаат светот од еден поинаков агол, полн со разбирање, љубов и почит за различното“, додаде Живко Поповски – Цветин.
Живко поповски – Цветин е уметник, сликар и хуманист, кандидат за Нобеловата награда за мир. Роден е на втори октомври 1944 година во село Брезово. Димпломирал на Земјоделскиот факултет во Белград. Работел како новинар и уредник, бил директор, советник и раководител на државни установи, а бил и претседател на Црвениот крст на Македонија.
Цветин во Македонија и во светската јавност е познат и почитуван уметник, особено со својата мисија „Цвеќето на мирот“, и има реализирано повеќе од 300 изложби во нашата земја и поранешните југословенски републики, потоа во Шведска, Полска, Германија, Италија, САД, Канада, Романија, Турција, Бугарија и други земји низ светот. Во 2015 година има создадено слика долга илјада и еден метар.
Неговите дела се наоѓаат и на 14 доплатни поштенски марки, на над 50 насловни страници на книги поезија, на календари.
Живко Поповски – Цветин во својата четири децениска работа и творештво има подарено над 70 илјади слики кои се наоѓаат во домовите на претседатели на држави, парламентарци, уметници, поети, музичари, спортисти, како и во многу институции во Македонија и светот.