Директорот и заменик директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов и Вахид Ферати денеска беа присутни на седницата на Извршниот одбор на Сојузот на пензионерите на Македонија.

Како што рече претседателката на Сојузот, Станка Трајкова тема на средбата е информирање на членовите на ИО за Меморндумот за соработка што Фондот неодамна го потпиша со Комората на извршителите.
Директорот Мемов најнапред нагласи дека соработката на Фондот и Сојузот досега е солидна и би требало така да биде и во иднина. Според него, двата субјекта работат во интерес на пензионерите и сите нејаснотии и дилеми треба да се решаваат заеднички.
„По потпишувањето на Меморандумот се појавија информации кои беа неточни и внесоа забуна кај пензионерите. Сакам да нагласам дека Фондот во изминатиот период трошеше ресурси и луѓе за спроведувањето на налозите од извршителите. Сега ќе се овозможи подобра и побрза размена на податоците кои им се потребни на извршителите и се исклучува влијанието на човечкиот фактор во постапката“, рече Мемов и додаде дека со примената на Меморандумот ќе се намали и потребата Фондот да одговара на разни прашања од интерес на извршителите, бидејќи извршителите сега ќе можат информациите да ги обезбедат од системот на Фондот до кој ќе имаат пристап.

Мемов нагласи дека со потпишувањето на Меморандумот се штити и буџетот на Фондот од наплата на средстсва од страна на извршителите, кои согласно одредбите од Законот за извршување, може да ги наплатат од Фондот во име на пензионерите како должници. Тој додаде дека пензионерите треба да знаат оти согласно Законот за извршување корисниците на минимални пензии се изземени од извршување.
На средбата стана збор и за други прашања од интерес на двете страни, а на крајот беше констатирано дека соработката, отвореноста и разговорот за сите проблеми ќе може да придонесат во севкупниот процес на подобрување на животот на пензионерите, како и подобрување на стандардот.