На 18 и 19 ноември 2025 година во Фондот на ПИОСМ се одржаа 13-те Советодавни денови помеѓу претставници на ФПИОСМ и Германскиот носител на пензиското осигурување.
Во рамките на Советодавните денови граѓаните имаа можност да добијат совети за правата од пензиското и инвалидското осигурување кои произлегуваат од примената на Договорот за социјално осигурување склучен помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија.
На овие Советодавни денови 85 граѓани добија одговори на своите прашања и беа запознаени со нивните права.
Граѓание најмногу се интересираа за условите за остварување на правото на старосна пензија (предвремена и редовна), потоа за условите за остварување на право на семејна пензија, како и за условите од германското законодавство за остварување на право на инвалидска пензија.
Интерес имаше и за тоа која е постапката за потврдување на стаж во Германија, како и за тоа кои се условите за остварување на право на пензија во двете држави во случај кога во едната држава не е исполнет условот за остварување на пензија.
Граѓаните се интересираа и за постапката за враќање на придонеси, исплата на германска пензија во Северна Македонија и други прашања.
Исто така беа разгледани повеќе пензиски предмети за кои постапката сеуште не е завршена и беше разменета потребната документација.
Советодавните денови помеѓу претставниците на Фондот на ПИОСМ и на Германскиот носител на пензиското осигурување се одржуваат два пати годишно, еднаш во Македонија и еднаш во Германија од 2012 година.