• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБВРЗНИЦИТЕ

Законската обврска на Фондот на ПИОСМ за дистрибуција на листи за стаж и плата на осигурениците преку официјалната е-маил адреса пријавена во Централниот регистар на Република Северна Македонија (ЦРСМ) е реализирана. За групата обврзници, за кои дистрибуцијата не е успешна, објавен е посебен фајл со идентификатори за таквите обврзници, ЕДБ, е-маил адреса и копија од опис на причината на повратната порака.

Неопходно е обврзниците да преземат соодветни мерки за отстранување на причините заради прием на тековните фајлови, но и соодветни прилагодувања на сопствената инфраструктура за информатичка технологија и комуникации, за да можат да ги примаат листите во редовна процедура.

Обврзниците кои не ги добиле листите на е-маил адресата пријавена во ЦРСМ, да се обратат до раководителот на соодветната Филијала/Деловница на Фондот на ПИОСМ, за да ги преземат фајловите со листи за стаж и плата на мемориски стик (УСБ) и притоа задолжително е потребно да приложат овластување од овластено лице во фирмата, со назив на фирмата и даночен број.

Обврзниците кои не добиле фајл со листите за стаж и плата и ги нема на објавената листа за неуспешна дистрибуција, потребно е да направат контрола и корекција на податоците во Централниот регистар на РСМ како подготовка за следниот циклус, а потоа да се обратат до раководителот на Филијалата/Деловницата на Фондот на ПИОСМ надлежна за територијата на регистрацијата на обврзникот, за да ги преземат листите за овој циклус.

Листа на обврзници за неуспешна дистрибуција на податоци