• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Многу седници на управниот одбор на фондот во летниот период

UPRAVEN_ODBOR__29.06.2011_022____625354354Осумдесет и осмата и Деведест и третата седница се однесуваа на разрешување и именување на претставници на акциите на Фондот во „Инекс Дрим“ АД – Струга и во ЕМО ОХРИД АД-Охрид.

Од Осумдесет и деветата седница која се одржа на 29 јуни 2011 година, може да се издвои Информацијата за финансиската состојба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во периодот јануари-мај, со оценки до крајот на годината и Информацијата за дозначените исплатените средства за солидарен фонд, за починатите кориснци на пензија во периодот јануари-мај 2011 година.

На Деведесеттата седница која се одржа на 6 јули 2011 година, Управниот одбор ја донесе Одлуката за склучување преддоговор со Друштвото за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација „Катлановска Бања“ ДОО–Катланово, Скопје.

Исто така и Деведесет и првата седница од 11 август 2011 година беше куса, со две точки на дневниот ред кои се однесуваа на продажбата на акциите на Фондот на ПИОМ.

Нацрт-буџетот за 2012 година, се усвои на Деведесет и втората седница која се одржа на 31 август 2011 година, а на истата седница покрај Информацијата за состојбата со наплата на закупнината за издадениот станбен простор во домовите за живеење на корисниците на пензија во период од 1.1 до 30.6.2011 година, Управниот одбор го разгледа и усвои Извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи за 2010 година и ревизија на усогласеност. При разгледувањето на Извештајот, Управниот одбор констатираше дека со овој многу важен документ Фондот доби уште една потврда на своето позитивно работење изминатата година.

На Деведесет и четвртата седница одржана на 16 септември 2011 година, Управниот одбор ја усвои Информацијата за извршените продажби на акциите и уделите од вкупниот капитал на Фондот на ПИОМ стекнат по основа на трансформација на претпријатијата со општествен капитал (со состојба 6-ти септември 2011 година) и ја донесе за продажба на акциите и уделите на Фондот на ПИОМ (втора аукција со намалување на почетната продажна цена по акција/удел).

Деведесет и петтата седница која се одржа на 19 септември годинава, се однесуваше на усвојување на Информација и одлуки поврзани со објектите од несуштинско значење кои ги поседува Фондот на ПИОМ.