• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Одржани три седници на нашиот управен одбор

UPRAVEN_ODBOR__30.3.2011_031____663368490УСВОЕНИ ПОВЕЌЕ ИЗВЕШТАИ…

На 23 февруари годинава, се одржа 81-та седница на УО на Фондот на ПИОМ. Истата ја отвори и со неа раководеше претседателот Ацо Стојанов.

Пред усвојувањето на дневниот ред, беа предложени следните дополнителни точки и тоа: Информација за состојбата со ненаплатените побарувања од закупнината на деловен простор во домовите со кои стопанисува Фондот на ПИОМ со состојба на 31.12.2010 година, Информација за финансиската состојба на АД „Спиро Захов“-Банско, Струмица и Информација за финансиската состојба на АД „Борец“-Битола.

Поради тоа што материјалиот за дополнителните точки беше доставен до членовите на УО, непосредно пред седницата се разви дискусија во врска со тоа дали истите да се прифатат и да се расправа по нив на седницата или пак, да се закаже посебна седница. Во врска со ова се разви дискусија во која учествуваа Соња Бачовска, Хамди Мустафа, Трајко Премчески и Бобан Јаќимовиќ, по што, сепак, УО едногласно се согласи да се усвојат и дополнителните точки на дневниот ред.

А, на 81-та седница на УО покрај новододадените точки во дневниот ред, централно прашање беше усвојувањето на Одлуката за Завршната сметка на Фондот на ПИОМ за 2010 година и Извештај за финансиското работење, потоа дополнувањето на Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот и имотот во домовите за живеење на корисниците на пензија, со кои управува Фондот, со состојба до декември 2010 год.

Во врска со завршната сметка, воведно образложение поднесе помошникот на директорот Соња Бачовска истакнувајќи дека со овој важен документ се согледува целокупното финансиско работење на Фондот во минатата година.

На седницата, Завршната сметка за финансиското работење на Фондот на ПИОМ во 2010 год., едногласно беше усвоена.

Воведно образложение за состојбите со ненаплатените побарувања поднесе началникот Љубен Велјаноски истакнувајќи дека состојбата од закупнината на деловен простор во домовите со кои стопанисува Фондот на ПИОМ, според извршениот попис со состојба до крајот на 2010 год., односно книговодствената евиденција изнесува 12.091.320,50 денари.

УО едногласно ја усвои Информацијата за состојбата со ненаплатени побарувања од закупнина на деловен простор во домовите со кои стопанисува Фондот на ПИОМ во 2010 год., со заклучок Стручната служба да подговтви Одлука за отпишување на спорните побарувања и да се подготви урнек на договор за издавање на деловен простор под закуп.

На 7 март се одржа 82-та седница на УО на Фондот на ПИОМ. Овој пат, пред членовите на дневен ред беше донесувањето на Одлука за продажба на акциите и уделите на Фондот на ПИОМ (втора аукција со намалување на почетната продажна цена по акција/удел) и донесување на Одлука за продажба на акциите на Фондот на ПИОМ (втора аукција со намалување на почетната продажна цена по акција).

По кусото образложение што го поднесе помошникот на директорот Соња Бачовска, УО едногласно ги донесе и двете одлуки.

На 30 март се одржа 83-та седница на УО на Фондот на ПИОМ.

Членовите на УО, на оваа седница расправаа и ги усвоија Информацијата за состојбата со наплата на закупнината за издадениот станбен простор во домовите за живеење на корисниците на пензија во 2010 год., Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за корисниците на пензија во 2010 год., Информација за искористеноста на објектите за одмор и рекреација на вработените во Фондот на ПИОМ во 2011 год., како и Правилникот за условите и начинот за стекнување со право за доделување на станбен простор под закуп во домовите за живеење на корисниците на пензија со кои управува Фондот на ПИОМ, Правилникот за условите и начинот за издавање под закуп на деловен простор со кој управува нашиот Фонд и Информацијата од состанокот одржан со Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија – С