ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕДОВНА И НАВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИТЕ
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, како институција која им служи на граѓаните, за време на пандемијата настаната со вирусот КОВИД– 19 и прогласувањето на вонредната состојба во Република Северна Македонија, непречено ги извршуваше своите услуги и обврски/должности, посебно во делот на редовната исплата на пензиите за корисниците на пензија кои живеат во државата и надвор од неа.