• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Соопштенија

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Владата на Република Северна Македонија, на 91-та седница го усвои Предлогот на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, со цел обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза.

Повеќе

УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 6,8 ПРОЦЕНТИ

Пензионерите со исплатата на септемвриската пензија ќе добијат поголема пензија за 6,8%, согласно законското усогласување на пензиите, дописот од 26.08.2022 година од Државниот завод за статистика за исплатената бруто плата во Републиката и објавата за движење на трошоците за живот во Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 155/2022).  

Повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБВРЗНИЦИТЕ

Ве известуваме дека заврши дистрибуцијата на М4 листите во вториот циклус за 2022 година.
Повеќе

ФОНДОТ НА ПИОСМ ОД ГОЛЕМ ПОТРОШУВАЧ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, предводен од директорот Дритан Беџети, во мај годинава  започна со првата нацрт-верзија на новиот проект за фотоволтаичен систем – производство на електрична енергија.

Повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБВРЗНИЦИТЕ

Законската обврска на Фондот на ПИОСМ за дистрибуција на листи за стаж и плата на осигурениците преку официјалната е-маил адреса пријавена во Централниот регистар на Република Северна Македонија (ЦРСМ) е реализирана. За групата обврзници, за кои дистрибуцијата не е успешна, објавен е посебен фајл со идентификатори за таквите обврзници, ЕДБ, е-маил адреса и копија од опис на причината на повратната порака.

Повеќе

ИСПЛАТА НА АПРИЛСКИТЕ ПЕНЗИИ

Пензионерите ќе може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.04.2022 година, а готовинската исплата на пензии за пензионерите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

Повеќе