• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk
TUV Certified

Потпишан Анекс на Протколот за размена на податоци помеѓу Управата за јавни приходи и Фондот на ПИОМ

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов и директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, денеска потпишаа Анекс на Протоколот за размена на податоци.

Со него се дополнува Протколот и се доуредува размената на податоците помеѓу двете институции.

„Сметам дека соработката меѓу нашите институции е на задоволително ниво. Со потпишувањето на Анексот ќе се придонесе размената на податоците да се одвива подобро и ќе се овозможи полесно остварување на правата од ПИО, рече директорот на Фондот, Никола Мемов. Тој  додаде дека секој чекор што ќе придонесе во подобрувањето на остварувањето на правата од ПИО е за поздравување.

„Со овој Анекс ќе се придонесе соработката помеѓу Управата и Фондот да биде уште подобра и попрецизна“, рече  директорката на Управата за јавни приходи,  м-р Елена Петрова. Таа нагласи дека од големо значење е размената на искуствата и континуирани средби за да се решаваат проблемите кои се појавуваат во секојдневната работа, со што ќе се придонесе во подоброто остварување на надлежностите.

На средбата стана збор и за други прашања од интерес на двете институции.