• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ НА ПЛАНИРАНИТЕ ФИНАНСИСКИ ПРОЕКЦИИ

Денес, 25 октомври 2023 година, се одржа Деведесет и првата седница на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

На седницата на Управниот одбор беа разгледани и усвоени следните точки од дневниот ред: Информација за финансиската состојба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за периодот јануари – септември 2023 година, Предлог – одлука за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2023 година, Информација за дозначените и исплатените средства од Солидарен фонд и членарина заклучно со 30.09.2023 година и предвидувања и заклучоци за трендот на исплатата во иднина.

На почетокот на седницата В.Д. Директорот на Фондот, пред членовите на УО, информираше за преземените работни ангажмани во насока на подобрување на условите на работните места на вработените со реконструкција и адаптација на деловните објекти на Фондот, зголемување на платите на вработените, исплатување на неисплатен дел за регрес и новогодишен надоместок за минатите години, олеснување на пристапот и квалитетот на услугите на странките и други планирани активности за периодот што следи.

Членовите на УО дискутираа по точките и истите беа усвоени со позитивни констатации дека планираните проекции на финансиските средства на Фондот за овој период се во позитивна насока и во рамките на постигнати избалансирани приходи и расходи на предвидениот буџет.