• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

РЕИЗБРАНИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФПИОСМ

На 21 декември 2023 година се одржа Деведесет и третата седница на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

На седницата на Управниот одбор беа разгледани и усвоени точки од дневниот ред, меѓу кои: Предлог – одлуките за престанок на мандатот на претседателот и на заменик претседателот на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Предлог – одлуките за избор на претседател и заменик претседател на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

Членовите на Управниот одбор со мнозинство на гласови за претседател и заменик претседател на Управниот одбор на Фондот ги избраа истите членови како и минатата година, Боро Варошлија за претседател и Љупчо Фармакоски, заменик претседател на Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ.

По изборот на претседателот и заменик претседателот на Управниот одбор, седницата продолжи со усвојување на другите точки од дневниот ред.

Во свечена атмосфера пред новогодишните празници в.д директорот на Фондот Арсим Хасани, им се заблагодари на членовите на Управниот одбор на Фондот за досегашната успешна соработка со надеж истата да продолжи и во наредната 2024 година.